ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Блинкен ја свиреше на гитара „Rockin’ in the Free World“ во бар во Кијив, на руските пропагандисти не им се допадна песната

May 15, 2024 14:25
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен ненајавено пристигна во Кијив во првата посета на Украина од страна на висок американски функционер откако Конгресот го усвои долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за земјата минатиот месец. Посетата има за цел да ја покаже солидарноста на САД со Украина додека таа се бори да се одбрани од секојдневното масивно руско бомбардирање на нејзината североисточна граница.

По разговорите со Володимир Зеленски и Дмитро Кулеба, тој заедно со американската делегација го посети кијивскиот бар „Бармен Диктат“. Неочекувано, државниот секретар се качи на сцената и со украинските музичари ја отпеа песната „Keep on Rockin’ in the Free World“ од канадскиот пејач Нил Јанг.

 

 

„Знам дека ова е многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани страдаат многу, особено на североисток, во регионот Харков. Но, треба да знаете дека САД ве поддржуваат, дека најголемиот дел од светот ве поддржува. борејќи се не само за слободна Украина, туку и за целиот слободен свет, а слободниот свет е на ваша страна“, рече Блинкен пред настапот, пренесува NEXTA.

Ова секако не им се допадна на властите во Кремљ, кои очигледно исфрустрирани поради неуспехот да го валоризираат забавувањето на американската воена помош за Украина, преку своите пропагандни канали се обидоа да фрлат темно петно на гитарскиот настап на Блинкен во Кијив, вклучително и преку нивните филијали во Северна Македонија,

На Москва очигледно не и се допадна песната, па преку изјавите на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова се обидоа да ја дезавуираат пораката на поддршка за Украина што со својата интерпретација ја пренесе американскиот државен секретар, пркосејќи им на руските агресори со својот настап во бар во главниот град на Украина каде секојдневно се слушаат предупредувачки сирени за руски ракетни напади.

Се разбира, докажаните пропагатори на руските малициозни наративи во земјава не пропуштија да ги пренесат изјавите на нивната неформална „шефица“ за ширење на руска пропаганда, Захарова, која деновиве како да не се симнува од страниците на овие медиуми, било да се работи за банални прашања, како нејзиното „анатемисување“ на Евровизија, преку правдање за бојкотот на парадата на победата во Москва, до нејзините лажни дисквалификации на перформансот на Блинкен во Кијив.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Ентони Блинкенмакедонски проруски медиумиМарија ЗахароваМосквапосета на Кијивруска пропаганда и дезинформации
Next Post

СДСМ наредната недела ќе одржат состаноци на кои ќе се извршат подготовките за свикување отчетен Конгрес

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk