Судскиот совет вечерва на итна седница расправа по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на врховниот судија и за одобрување на притвор кој се сомничи за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Итната седница следува по информациите од Министерството за внатрешни работи дека денеска е уапсен судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.
Уапсениот судија има право да се повика на судскиот имунитет за кој одлучува Судскиот совет со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.