ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Францускиот Парламент предлага закон за подобро надгледување на терористите кои излегуваат од затвор

Идејата беше да се стават најопасните лица во социо-медицинско-судски центар, како тешки психијатриски случаи, патологија, која е честа појава кај џихадистите. Но, парламентот тогаш не го следеше овој проект за „Францускиот Гвантанамо“.

March 11, 2020 14:22
in ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за закони при француското собрание разгледува нацрт-закон за утврдување на безбедносни мерки за терористи, со цел да се понудат алатки способни да се спречи едноставно излегувања на десетици исламистички терористи од затворите. Од контингент на повеќе од 530 затворени лица, околу 100 треба да бидат ослободени во рок од две години, јави дописникот на МИА.

На крајот на февруари, двајца сенатори најавија донесување на нацрт-закон за зајакнување на набљудувањето и надзорот на овие поранешни затвореници.

-Предлагаме да се создаде нова мерка на судски надзор, за да се овозможи адаптираното следење, со тек на времето, на овие лица, потврди сенаторот од редовите на Републиканците, Марк-Филип Добрес, коавтор на нацрт-законот со Филип Бас .

Оваа среда, претседателот на комисијата за закони  при Националното собрание, Јаел Браун-Пиве, ќе достави исто така нацрт-закон. Текст кој воспоставува строги обврски за излегувањето на потенцијално опасен затвореник од затвор:

-Да одговора на поканата од судијата надлежен за извршување на казните, да има утврдено место на живеење, да добие овластување пред секоја промена на работното место или живеалиште, како и за какво било движење во странство. Потоа, обврска за периодично претставување пред властите, забрана за влегување во врска и појавување на одредени места, поставување под мобилен електронски надзор.

Ова може да трае, во некои кривични случаи, до дваесет години. Судиите ќе биде гарант, со правни лекови за овие мерки. Еден вид куќен притвор: не затвор по затвор, туку надгледувана слобода.

Во 2015 година, пратеникот на Републиканците Ерик Циоти, го бранеше нацрт-законот „со цел да се продолжи  задржувањето поради безбедност на лицата осудени за дела на тероризам“. Идејата беше да се стават најопасните лица во социо-медицинско-судски центар, како тешки психијатриски случаи, патологија, која е честа појава кај џихадистите. Но, парламентот тогаш не го следеше овој проект за „Францускиот Гвантанамо“.

Пред тоа, во 2008 година, Никола Саркози донесе закон со кој се дозволува задржување на криминалци осудени на најмалку петнаесет години затвор по нивното ослободување од затвор. Но, Уставниот совет го ограничи истиот.

Десницата сега сака да ја надмине оваа пречка. Новиот нацрт-закон на Циоти поддржува создавање на безбедносна казна со уставна реформи. Но овој предлог нема шанси да помине во овој мандат.

Next Post

Лекарска комора: Јавна опомена и отворање постапка пред Судот на честа за докторката Нина Цаца Билјановска

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk