Скандалозно е Претседателката на државата и Врховен командант на Армијата да повикува на дебата за доброволно служење на воен рок, а да не знае дека таа одредба веќе одамна постои во Законот за служба на Армијата!, реагира во објава на Фејсбук, пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.
„Прво не знаеше дека Претседателот на државата е и Врховен командант на Армијата, потоа неколку пати го прекрши протоколот, а прекршување на протколот е непочитување и кон Армијата и кон државата и денес повторно непознавање.
И да, има голема разлика помеѓу доброволно и задолжително служење воен рок, ама за тој што знае“, посочува во објавата Петровска.