Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ Тема на Телма Телевизија ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари.
И повторно се обиде Мицкоски да излаже.
Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата“ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците.
Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашинготн на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа?
А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците ?
Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.
Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците.
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.