ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Маратонска седница во албанското собрание за изборни реформи; опожарени две општински возила во Звечан; Дачиќ не дозволува екстрадиција на Радоичиќ во Косово, не ја признава државата

July 26, 2024 10:36
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Албанското собрание денеска повторно ќе заседава,  по вчерашната маратонска седница. Набиен дневен ред се очекува да има и денешната пленарна седница на која на денешниот дневен ред е да се одобри Новиот Изборен законик, чии измени се по договорот меѓу ДП и СП, јавуваат албанските медиуми.

Запрашан за барањето на премиерот на Косово за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово по нападот во Бањска, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека тоа не е можно бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово, пренесоа косовски медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

Албеу: Денеска маратонска седница во Собранието, се очекува гласањето на договорениот нацрт закон за Изборната реформа

Собранието денеска повторно ќе заседава,  по вчерашната маратонска седница. Набиен дневен ред се очекува да има и денешната пленарна седница на која на денешниот дневен ред е да се одобри Новиот Изборен законик, чии измени се по договорот меѓу ДП и СП.

Согласно измените во законот за Изборниот законик, листата на пратеници нема да биде целосно отворена. 1/3 ќе биде затворена и исклучива за претседателот на партијата и нема да подлежи на преференцијално гласање, јавува Албеу.

Топ Чанел: УНЕСКО ги одобри одлуките за Бутринт, Ѓирокастро и Берат, одлуката за Охрид се одложува за следната година

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на состанокот во Њу Делхи, Индија, во четвртокот ги одобри одлуките за албанските центри за светско наследство, Бутринт, Берат и Ѓирокастро и ја одложи одлуката за албанско-македонското прекугранично подрачје на Охридското Езеро до следната година.

Во одлуката за Бутринт, УНЕСКО бара од албанските власти да достават карта на имотните граници на Бутринт, кои пред две години беа променети од албанската влада, без знаење и одобрение на УНЕСКО.

Во одлуката, УНЕСКО вели дека „жали што сè уште се чека разјаснувањето на границите на имотот и неговата тампон зона и бара од Албанија да достави, како прашање на приоритет, јасна и точна карта на која е прикажана границата на  имотот на светското наследство и границата на тампон зоната која ќе биде разгледана од Центарот за светско наследство“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

РТК: Опожарени се две возила на општина Звечан

Две возила на општина Звечан изгореле попладнето, а повредени нема.

Вршителот на должноста директор на полицијата за северниот регион Ветон Елшани соопшти дека инцидентот се случил околу 01:40 часот.

„Од пожар се оштетени две возила на општина Звечан. Се сомнева дека се работи со подметнување пожар, додека повредени нема“, рече Елшани.

Според него, полицијата работи на расветлување на случајот, пренесе РТК.

РТВ 21: Екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово, Дачиќ: Не ја признаваме независноста на Косово, екстрадицијата не може да се врши во Србија

Запрашан за барањето на премиерот на Косово за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово по нападот во Бањска, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека тоа не е можно бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово , пренесува ТВ21.

Дачиќ рече дека сите преговори на Косово ги прави српската МВР со ЕУЛЕКС.

КОЛУМНА

Коха: Лекциите на Бизмарк

„Што ги прави лидерите лидери? Што ги прави посебни? Зошто историјата зачувала уникатно место за некои поединци, додека други закопале длабоко во гробиштата на времето? Зошто меѓу милиони Французи токму Наполеон успеа да победи во трката за врвот?

Токму вакви прашања се обидува да одговори историчарката Маргарет Мекмилан во книгата „Луѓе на историјата“. Сликата што ни ја отсликува Мекмилан за лидерите на историјата, страница по страница, не е едноставна и убава слика.

А всушност, не мора ни да биде така. Животот на лидерите не е едноставен и убав. Лидерите мора да бидат благородни, но мора да бидат и измамнички. Мора да имаат принципи, но мора да бидат и флексибилни. Тие мора да бидат дарежливи, но мора да бидат и немилосрдни.“, пишува авторот Демуш Шаша, во едиторијал  на Коха, „Лекциите на Бизмарк“.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Серија подметнати пожари во Париз пред свеченото отворање на Олимпијадата

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk