ЕЛИ ПЕШЕВА
ЛА им кажа „Да” на олимписките во 2028. Секвенцата на предавањето на организацијата од Париз на Лос Анџелес, со Том Круз и реконструкцијата на сцени од Невозможна мисија, пресоблекувањето на холивудскиот знак во боите на олимписките игри, преминот низ градот до Venice beach на сцена со Ред Хот Чили Пеперс и Били Ајлиш, беше врвна.
И секако, царот, о дааа. Снуп дог веројатно ќе остане неформалното заштитно лице на двете изданија на олимпијадите. ЛА ќе го продолжи неговиот вајб и со помош на холивудската индустрија ќе се обиде да ги надмине Французите во спектакуларност.
Изминативе две и пол недели беа преполни со фантастични дисциплини, борби, победи, порази, брилијантни рекорди, млади таленти, забава, поместување на границите. Многу радости, скандали, солзи. Ние адреналинот го осетивме радувајќи се или тагувајќи за победите и поразите во борбите на други држави. Со мали и кратки проблесоци на експертиза кога ќе се појават нашите.
Ете имаме кратко време конечно да сфатиме дека во овој век, на ова ниво на цивилизациски развој, со сите овие можности што стојат на располагање, НЕ Е доволно да се учествува. Затоа адреналинот ќе расте гледајќи го пречекот на српските победници, на пример.
Со надеж дека информацијата ни влегла во глава, и успешно ќе го најде мозокот за да резултира со некаква конкретна државна стратегија.
Преземено од фејсбук профилот на Ели Пешева