ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доцна му текна на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не ги пере за катастрофата во Скопје, вели советникот Шутаров

August 15, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

– До денеска изминати се точно 1.018 денови од кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја востоличија Арсовска за градоначалник на Скопје како „најуспешна менџерка“. Над 1.000 денови како ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседател на Советот и бројни членови на управните одбори во градот. За сите изминати катастрофални денови за нашето Скопје, изгубени за скопјани и пропадната шанса за развој и напредок на главниот град виновни се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-коференција Гордан Шутаров од СДСМ, советник во Советот на Град Скопје.

Откако им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска, вели Шутаров, започнаа да се изживуваат со скопјани.  Иако имаат мнозинство во Советот со години и на секаков можен начин ја кочат работата и на јавните претпријатија и на градот воопшто, рече тој.

„Градот Скопје и јавните претпријатија функционираат врз основа на изгласување на Буџет и Програми за работа.

Но советниците на ДПМНЕ не ги гласаа програмите за:

-воведување брз и еколошки транспорт (БРТ)

-програмата за развој

-програмата за превоз на патници

-за изградба и реконструкција на улици

– за субвенции за улици и патишта

-за заштита на животната средина

-инвестиционите програми за јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ намерно не ги гласаа овие програми, само за да прават штета и да се пресметаат со Арсовска. Заедно со неспособноста на Арсовска ДПМНЕ го турна нашиот главен град во пропаст.

Ова што му се случува на Скопје е најголемата катастрофа после земјотресот. Градот никогаш не бил по нечист, полн е со ѓубре, со јавни претпријатија на раб на колапс.

Град во кој нема нови модерни 250 еколошки автобуси и дури воопшто нема автобуси а тие што ги има доцнат, се палат и не се безбедни.

Се уште не може да се поврзат двата нови моста изградени со пари добиени од ТАВ Програмата, мостот Михајло Апостолски во Аеродром и мостот Љубљанска во Карпош.

Има неисчистени диви депонии, нереализираните 5 мега паркови, непостоењето на нов модерен луна парк најголем на овие простори.

Ниту еден капитален проект не е реализиран, ниту пак нешто е направено. Загубени денови, загубени години за Скопје кои граѓаните не ги заслужуваат.

После целиот хаос што го создаде во Скопје вчера слушаме дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им текнало на Скопје.

Па уште се обидуваат да се прикажат како спасители кои ете ќе ги решеле проблемите во градот.

Касно е дечки. Касните 1.000 денови.

На 400 дена пред локалните избори ова не е ништо друго туку обид за перење на сопствената вина за она што душмански му го направија на Скопје.

Пред било што да направи ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да им се извини на граѓаните на Скопје и да преземе одговорност.

Бараме првенствено ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на сите граѓани на Скопје за ситуацијата во која свесно го донесоа Градот.

Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори што се случува со капиталните проекти:

Зошто нема нови 250 модерни еколошки автобуси ?

Што ќе се случи со проектот на БРТ? За кој со закон во Собранието и потпишан договор помеѓу министерството за финансии, транспорт и врски и ЕБОР се обезбедија 70 милиони евра за нов концепт на јавен превоз во Градот Скопје, за кои на годишно ниво плаќаме камати заради нереализирање на истиот“, истакна Шутаров.

Tags: АрсовскаВРО-ДПМНЕГрад СкопјеШутаров
Next Post
REUTERS

Британците сакаат да се вратат во ЕУ

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk