ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ветингот закана за „црните овци“, Мицкоски и Ахмети меѓу сатира, хумор и холивудски филм!

October 4, 2024 12:53
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дебатата за законот за ветинг за сите државни службеници и функсионери се врати на политичката сцена во Северна Македонија, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно побара од премиерот Христијан Мицкоски да го подржи законот за ветинг предложен од неговата партија во кој треба да бидат опфатени сите поранешни и актуелните државни службеници и функционери.

За Мицкоски овие изјави на Ахмети се сатира и хумор, додека Ахмети му порача да почека да види каков ќе излезе „хуморот“.

Но, кој се плаши од таков закон? Дали на Северна Македонија и треба ветинг?

Правникот Ќенан Алиу смета дека на земјава и е потребен Ветинг, но за ова е потребна политичка волја од сите политички сили.

Ќенан Алиу
Ќенан Алиу

– Досега се зборуваше само како фраза, а нема ниту обработен предлог закон. Прво, ни треба амандман на Уставот. Секој закон што ќе биде донесен без уставен амандман наскоро би бил отфрлен, дури е невозможно без промена на највисокиот акт – Уставот. А тоа може да се направи со волјата на сите или со силен притисок од меѓународните фактори. Ако не се случува ова Ветинги ќе се спомнува само за празна реторика, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Маргарита Цаца – Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, вели дека нема волја за таков процес.

Маргарита Цаца – Николовска ФОТО: ЦИВИЛ

– Се нема желба! Но, како и да методологијата, не е добро да се примени како што е направен во Албанија, за да им се овозможи на функционерите самите да се повлечат и да не сносат одговорност. Треба да се утврди кој греши и кој не и да се прочистува. Овој е процес за прочистување, изјави Цаца – Николовска за „Фронтлајн“.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со заминувањето на ДУИ таков тип на сатира и хумор (Ветинг) заврши.

– Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму. Во ред е, еве ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.

Лидерот на ДУИ, пак за ветингот му порача на Мицкоски дека не снима холивудски филмови, па како што рече, да видиме како ќе испадне „хуморот“.

„Да го пробаме хуморот да видиме како ќе испадне“, изјави Ахмети.

Ахмети рече дека законот е предложен пред 4 години и повика ветингот да се направи со учество на Брисел и Вашингтон.

Тој додаде дека сака да ја истражи и приватизацијата од 90-тите, каде според него, Албанците во континуитет биле дискриминирани.

За ветинг се залагаше и СДСМ. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски најавуваше дека се разгледуваат опции ветингот да се спроведе со поддршка на Европската унија.

– Веќе разговарав со претседателката на Европската комисија дека Владата сака на експертско ниво да спроведе ветинг на сите веќе избрани и именувани функционери како и за сите кои ќе бидат избрани или именувани на функција“, изјави тогаш Ковачевски (23.2.2023).

Ветинг по дефиниција значи институционална проверка на вршителите на јавни функции во насока дали се соодветни за работната позиција и дали имаат одговорност, интегритет и кредибилитет да ја вршат функцијата.

Во регионот само Албанија имаше храброст да спроведе ветинг, и тоа во редовите на судскиот систем. Овој процес почна во 2016 година и исфрли на површина голем процент на корупција помеѓу судиите и јавните обвинители. Над 60 проценти од судиите беа сменети, а голем дел од нив си дадоа оставки уште пред да почне ветингот.

Дестан Јонузи

Tags: ветингВМРО-ДПМНЕДУИСДСМЌенан АлиуЦаца Николовска
Next Post

Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk