ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Ќе се снајдеме за јадење, тоалетна гледај да не снема!

Сега еве ќе земеме да месиме сите по дома. Сите! Старо, младо, машко и женско, да има застапеност!

March 23, 2020 13:24
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува Ана Неделковска

Корона вирусот е само мал тренинг за она што нé чека ако не сме внимателни… со тоалетната.

Како се полакомивме по тоалетна хартија, како животот, имунитетот и иднината да ни зависат од тоа дали двослојно или трослојно ќе ги искористиме придобивките на сите тие исечени дрвја за таа потреба. Уште не се најде соодветно и логично објаснување зошто се испразнија рафтовите со тоалетна хартија, прв пат толку интензивно после отворањето на Карфур и цените од 12 денари по ролна.

А, и за брашното стигна да се бара „грам повеќе“, па „имам човек“, па „го криете под каса“ итн. Смешното е што секој нормален ден сме на гевреци, буреци и готова храна (освен оние безглутенските, овесните снегулки со арома на авокадо и стевиа), ама сега еве ќе земеме да месиме сите по дома. Сите! Старо, младо, машко и женско, да има застапеност! Последен пат кифла имаш направено од пластелин во III одделение, ама сега ќе месиш лебови. Не.

Минута молк за навлечените на кафе по кафичи 3 саати дневно. Ним им е најтешко.

Продолжуваме.

Не се најде доволно гласен човек да им каже на родителите дека децата не им се на (из)вонреден распуст бидејќи биле супер ученици, не! Детето ти е дома бидејќи има голема шанса да легне на последна клупа во училница и после да се почеша за око, па да се поздрави со 6-7 другарчиња, па да се држи за држач во автобус, па да си го почеша носот, па да го фати телефонот, па после тебе ќе ти се изремети патувањето во Банско за 29 евра вон сезона. Стресови! Па уште парковите ги затворија… стресови на квадрат!

Седи дома. Бабо, дедо, вие највеќе!

Нов феномен кој веројатно нема сите да го разберат е, да им докажеш на повозрасните (бумери) дека корона вирусот навистина постои. Не е само за нашите, светски феномен е дека повозрасните кои, иронично се најпогодени од овој вирус, го негираат неговото постоење. Најчесто објаснувањето е дека е теорија на заговор, „кај бе баш мене ќе ме фати, како па да не!“, „абе ајде некои таму си шетале, сега сите дома треба да седиме“, и секогаш познатото „ништо не ми е!“ И 24 часа да им забраниш излегување тие пак ќе најдат како да се шмугнат, нели ништо не им е!

Бидете свесни и совесни, не сме во Среден век кога дома се правело поткиселено млеко, леб итн, маркетите постојано се дополнуваат со нови производи заради зголемената побарувачка. Нема да дојде Пиколомини да ни го запали градот против чумата, зошто не е чума и не сме 1689-та. Мијте ги редовно рацете, не ја купувајте цела тоалетна, брашното, во маркетите и ракавиците и маските во  аптеките (доколку ги има), не сте сами во населбата, а богами и во светот.

 

 

Next Post

„Сумамед“ отсега само на бел рецепт, обезбеден и лек против маларија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk