Со намален интензитет, но и понатаму продолжуваат прекршувањата на превентивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот во Грција, а за шест дена уапсени се 150 лица, во 145 случаи, според податоците од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во четвртокот, полицијата започна со секојдневни контроли и инспекции, а најголем број прекршувања беа регистрирани во саботата, кога беа уапсени 90 лица во 86 случаи.
Во следните денови, прекршувањата се намалуваат, во неделата беше уапсено 31 лице, во понеделникот 16, додека пак вчера, само седум, во исто толку случаи.
Една третина од прекршувањата, односно 54 се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина
И покрај забраните, бил откриено дека работат фризерски салони, кафулиња, ресторани, таверни и сл.