Потврден 31 нов случај, вкупниот број заразени лица достигна до 418, од кои 79 лица се хоспитализирани, а 13 се приклучени на апарати во болниците, 14 лица се пуштени од болница.
Досега се анализирани 6.000 примероци, се последните податоци за ситуацијата со корона виpусот во Грција.
Тие попладневно на редовна прес конференција ги претстави претставникот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.