ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во Косово, според косовските власти е терористички чин од Србија

November 30, 2024 09:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

– Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани.

Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“.

Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец. Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење.

Косовската полиција во соопштение по нападот, соопшти дека е нападната критичната инфраструктура на земјата, а од увидот на стручни тимови на местото на настанот е заклучено дека експлозијата била намерна, што го прави овој напад терористички и криминален чин, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полицијата соопшти дека нејзини експертски тимови веднаш излегле на местото на настанот и за случајот ги известиле сите надлежни институции, итната помош, Водоводот, претпријатието Ибар-Лепенец и Косовската енергетска корпорација.

Косовскиот премиер Албин Курти ги нарече терористички акти од страна на Србија експлозиите што се случија во последните неколку дена во општините на северот на Косово, вклучително синоќешната во каналот Ибар-Лепенец во селото Варага во Зубин Поток, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вонредна прес-конференција доцна синоќа Курти рече дека овој напад бил извршен од професионалци со цел да се оштети критичната инфраструктура на Косово.

Каналот Ибар-Лепенец, меѓу другото, испраќа вода за ладење на термоелектраните Косова А и Косова Б, кои се главните снабдувачи со електрична енергија во Косово.

– Ова е криминален и терористички напад кој има за цел да ја оштети нашата критична инфраструктура. Нападот го извршиле професионалци. Ние сме убедени дека доаѓа од бандите предводени од Србија. Доколку не се санира штетата, тогаш дел од Косово ризикува да остане без струја наутро, рече Курти.

Според него, нема друга адреса за вакви напади „освен официјален Белград и криминалните структури на чело со Милан Радоичиќ“, поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во септември 2023 година во Бањска во северно Косово.

– Ова е напад, трета експлозија во последниве денови, чија цел беа нашите институции, и има за цел да поттикне страв. Ваквите обиди ќе останат неуспешни, бидејќи уставноста во нашата земја, владеењето на правото, редот и нашата Република никој нема да ги порази, рече Курти.

Тој најави дека веднаш по прес-конференцијата ќе се сретне со командантот на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, и свика состанок на Советот за безбедност на Косово.

Според него, причината поради која Косово се соочува со овие напади е „успехот на Косово“.

Успехот на Косово ги излудува, рече Курти.

Косовскиот премиер изјави и дека косовските власти немаат информации за евентуален нов напад, но додаде дека државата мора да биде подготвена на сè.

– Мораме да се подготвиме за сè, бидејќи Србија не ја промени ниту својата позиција, ниту целта. И сè ќе направиме со силите, капацитетите и знаењето што ги имаме. Во координација сме со нашите партнери. Но, главната работа ја работиме ние, полицијата, инженерите на КЕК (Енергетската корпорација на Косово), експертите во Ибар-Лепенец, Владата, граѓаните. Ние сме носители на санирање на оваа состојба, бидејќи тие напаѓаат на подмолен и кукавички начин, рече Курти.

Најголемата партија на косовските Срби, Српка листа (СЛ) соопшти дека синоќешната експлозија е против интересите на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку реакција на нејзината страница на Фејсбук, партијата побара итна истрага од Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како и од Мисијата на Европската унија за владеење на правото во земјата, ЕУЛЕКС.

– Српска листа најостро ја осудува експлозијата во каналот Ибар-Лепенец во селото Варага во општина Зубин Поток. Овој напад го загрози водоснабдувањето на нашите граѓани и предизвика загриженост кај Србите на северот на Косово. Сакаме јасно да нагласиме дека овој чин е апсолутно против интересите на српскиот народ и бараме од КФОР и ЕУЛЕКС итна истрага за овој случај, се наведува во реакцијата на СЛ.

Косовската претседателка, Вјоса Османи синоќешната експлозија, ја нарече терористички чин и порача дека „српските криминални банди губат во секоја битка со институциите на Косово“ и дека „повторно ќе се поразат“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи во објава на својата страница на Фејсбук вели дека тоа се „кукавички обиди за напад на виталната инфраструктура на Републиката преку терористички акти“.

– Од витално значење е заштитата на уставноста и законитоста во секој агол на државата и бескомпромисната борба против овие криминални елементи, напиша Османи.

Таа побара смиреност и разумност од граѓаните додека институциите се занимаваат со расветлување на случајот и санирање на штетите.

– Покрај нашите институции, и нашите меѓународни безбедносни партнери веднаш понудија помош за санирање на настанатата штета и за снабдување со вода, како и за истрага на овој чин против државата и нашите граѓани, напиша Османи.

Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на север. Во Звечан, една од општините со мнозинско српско население во северно Косово, беа фрлени рачни бомб, во вторникот врз полициската станица, а во четвртокот вечерта и во дворот на општината.

По ова, полицијата на Косово вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки низ државата.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: експлозијаканал Ибар-ЛепенецКосово

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk