Комитетот за заштита на новинарите, невладина организација со седиште во Њујорк, побара од властите во Белград итно да преземат ефективни чекори за безбедност на новинарите кои известуваат од протестите во Србија.
Во соопштението објавено на својата веб-страница, Комитетот наведува дека повикот го упатува до српските власти по неодамнешните физички напади врз новинари на телевизијата N1 и порталот Нова.
„Комитетот за заштита на новинарите ја поздравува брзата реакција на српските власти по неодамнешните физички напади врз новинари кои известуваат за протестите и ги повикува брзо да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“.
„Околината за новинарите во Србија е се понепријателска и мора да се преземат ефективни мерки за новинарите да можат да ја вршат својата работа без страв од заплашување или насилство“, изјави Атила монг, претставник на Комитетот за Европа.