Партиите на Албанците во Северна Македонија меѓусебно се обвинувања за тоа кој го заробил судството. ВЛЕН дури ја обвинува ДУИ дека е виновна за предвременото ослободување од затвор на поранешниот директор на ДСК, Сашо Мијалков.
Според ВЛЕН, извештајот на директорот на струшкиот затвор, Ваљон Ќира, во кој е забележано дека однесувањето на Мијалков е примерно и дека ги почитува сите пишани законски правила, го поттикна Апелациониот суд предвремено да го ослободи Мијалков.
– Апелациониот суд врз основа на извештајот на директорот на затворот одлучи Мијалков да го ослободи седум месеци пред истекот на казната и затоа тој денеска е во Монако со Ферари. Оваа одлука е чист пример за злоупотреба на правосудниот систем и институциите за политички интереси, но во исто време уште повеќе ја докажуваат коалицијата на Али Ахмети, Артан Груби, Енвер Беџети и Сашо Мијалков, изјави Дритон Сулејмани од ВЛЕН.
Од друга страна, ДУИ ја обвинуваат коалицијата ВЛЕН за заробување и партизирање на судството. Според ДУИ, ВЛЕН е во служба на агендите на ВМРО-ДПМНЕ и не се случајни неодамнешните одлуки на судовите за ослободување на некои важни судски предмети поврзани со власта.
– Како што ВЛЕН беше создаден да служи за одредена политичка агенда, да ги ослабне Албанците и да го пренасочи евроатлантскиот пат на земјата, сега судството се користи за поништување на претходните одлуки и за фаворизирање на поединци поврзани со власта. ДУИ нема да остане рамнодушна на овој опасен процес. Одземањето институции од политички инсталирани поединци не е само закана за правдата, туку е директна закана за граѓаните на Северна Македонија и за европската перспектива на земјата, посочуваат од ДУИ.
Од партијата на Ахмети бараат и реакција од меѓународниот фактор.
Дестан Јонузи