ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Заразата со лажни вести е смртоносна

Не е наша задача да ловиме заразени. Тоа не е и не смее да биде ничија задача. Од лов на заразени до идентификување на потенцијални жаришта и откривање нови случаи има огромна разлика. И што е најважно, тоа е задача на системот. Наша задача е да се бориме против паниката и стигмата.

March 23, 2020 18:04
in ESPRESSO, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Навистина, тежок викенд. Вестите од Загреб се потресни. На целата мака со пандемијата, убавиот Загреб го погоди и силен земјотрес, незапаметен во последниве 140 години. И додека нашите мисли се со луѓето погодени од земјотресот и ги бараме телефонските броеви на нашите блиски од пријателска Хрватска, тамошните професионални медиуми ги пренесуваат апелите да се не се наседнува на лажните вести. Некако почнува да се согледуваат тешките последици од индустријата на лажните вести.

Многумина, веројатно со право, ја поистоветуваат штетата од несреќите и непогодите со штетата која ја предизвикуваат продуцентите и дистрибутерите на лажни вести и дезинформации. Паниката во вакви времиња е погубна и може да однесе човечки животи.

Мотивите на тие што шират лажни вести и паника меѓу луѓето се различни. Најопасни се оние што ги продуцираат организираните агитпроп центри кои имаат политички, воени, економски или криминални интереси. Не толку опасни, но не и наивни се будалетинките што шират лажни вести за да привлечат внимание и чии ментални склопови се склони кон теории на заговорот, параноја, злоба и, најчесто, чиста глупост.

Назад во нашата земја, понеделнички покриена со снег, како да не беше доволно сѐ друго што нѐ мачи.

Во преписка со една моја колешка, добивам нови информации за, како што го нарече, ураганот од дезинформации и ловот на вештерки во градот каде што живее. Ме информира за безбројните панични прашања кои ѝ ги упатуваат луѓето кои се исплашени да не бидат заразени со корона вирусот.

Ситуацијата е дотолку позагрижувачка, што токму оние што најмногу треба да се грижат да не шират лажни вести и паника меѓу луѓето, се главните носители на вирусот на дезинформациите. И за несреќа, тоа не се само медиумите, туку и ситни души со политички интереси и амбиции.

Не е наша задача да ловиме заразени. Тоа не е и не смее да биде ничија задача. Од лов на заразени до идентификување на потенцијални жаришта и откривање нови случаи има огромна разлика. И што е најважно, тоа е задача на системот. Наша задача е да се бориме против паниката и стигмата. Тоа е задача на секој од нас. Само така ќе им помогнеме на нашите херои – здравствените работници, полицијата, војската и сите чија работа е да пружаат услуги, да комуницираат, да продаваат, да снабдуваат…

Не е потребно искуство, туку само зрелост и минимум присебност. Не е потребно високо образование и директна линија со стручните екипи на владата. Доволно е да се стави простотилакот и злонамерноста најдлабоко во комората за замрзнување. Барем додека да помине оваа тешка глобална војна со корона вирусот.

Имаме институции кои до пред три години беа заробени и криминални, а сега се на првата линија на фронтот, нѐ издигнаа високо на листата на најуспешните држави во борбата против корона вирусот. Сосема доволно е да се следат официјалните изјави и соопштенија. Сѐ друго може да биде опасно, па и смртоносно.

Тешката болест е на чекор до секој од нас. И сиромаштијата ќе го зема својот смртоносен данок долго по крајот на пандемијата. Криминално е, на сета неволја да се додаваат и лажни вести и паника кои, исто така, ги доведуваат во опасност драгоцените човечки животи. Наместо тоа, солидарност, присебност и меѓусебна доверба се главната одбрана од пандемијата. Се разбира и почитувањето на мерките #СедиДома, миј раце, дезинфицирај…

На крајот на краиштата, вонредна состојба е, има полициски час. Што може да биде посериозно од тоа?

 


Сите права се задржани.
Next Post

18: Нови 22 заболени, вкупно 81 се од Скопје, промена во возниот ред на железници, ЈСП од утре со повеќе автобуси

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk