Денеска во Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со пре земање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
-Бараме од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да изврши тестирање на сите здравствени работници и сите вработени во СВР и ТППЕ Куманово и да продолжи со континуирано
тестирање на граѓаните на територијата на Општина Куманово;
-Бараме од Влада на Република Северна Македонија да донесе итна Одлука Куманово да се стави во целосен карантин;
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе Одлука за дислокација на осумдесет и еден бегалец од ПТЦ Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да продолжи со континуирана дезинфекција на станбени објекти за колективно домување и на јавно-прометни површини
-Апелираме до граѓаните да го почитуваат полицискиот час и препораките од Владата на Република Северна Македонија , да го намалат своето излегување и напуштањето на домовите да го сведат на минимум.