ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Три години херојски отпор на Украина против руската агресија – борбата за слобода продолжува

February 24, 2025 07:45
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Соопштение на ЦИВИЛ, 24 февруари 2025

24 февруари 2022 година засекогаш ќе остане запаметен како денот кога Русија започна неиспровоцирана и нелегална целосна инвазија против Украина, ескалирајќи ја војната што започна во 2014 година со нелегална анексија на Крим и окупација на делови од Донецк и Луганск. Три години подоцна, Украина продолжува со својата херојска отпорност против бруталната агресија која уништи градови, одзеде безброј животи и ги разниша темелите на глобалната безбедност.

ЦИВИЛ – Центар за слобода е со Украина од првите моменти на оваа брутална агресија – прва или меѓу првите граѓански организации во светот што јавно излезе со силна осуда на инвазијата и повика на решителен одговор против агресорот.

Три години подоцна, стана јасно дека војната не се води само на бојното поле, туку и на фронтот за одбрана на вистината. Руската агресија е проследена со немилосрдни дезинформациски кампањи чија цел е да ги оправдаат воените злосторства, да ја поткопаат сувереноста на Украина и да ја ослабат меѓународната поддршка. Но, и покрај овие обиди, Украина остана непоколеблива, докажувајќи дека волјата да се брани слободата е посилна од машинеријата на тиранијата.

Новинарските тимови при ЦИВИЛ неуморно работат од првата минута, известувајќи за фактите од бојното поле, разобличувајќи ја кремљовската пропаганда и хибридните закани на Балканот и пошироко. Како платформа за аналитичарите и креаторите на јавното мислење, ЦИВИЛ игра клучна улога во борбата против дезинформациите и одбраната на демократијата.

Додека светот ја одбележува оваа мрачна годишнина, борбата на Украина останува пресуден момент за демократијата и меѓународниот поредок. Цената на отпорот е огромна, но решителноста на украинскиот народ и неговите бранители му покажаа на светот дека слободата вреди да се брани.

Три години по почетокот на бруталната агресија, борбата на Украина прерасна во борба на сите кои стојат исправено против империјализмот, угнетувањето и војната. Светот мора да застане цврсто со Украина – не само со зборови, туку со непоколебливо дејствување.

Слава Україні!

ЦИВИЛ

Next Post

Прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија: ЦДУ/ЦСУ освои197 мандати во Бундестагот

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Мирот како пораз

August 19, 2025

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

August 19, 2025
СДСМ

СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер за испитниот центар во Битола, кој во МВР ќе одговара?

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk