ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

09: ЕУ денеска ја потврдува одлуката за преговори со С. Македонија и Албанија, Петнаесетина здравствени работници заразени со корона вирус, Заев: Солидарност народе мој!

Актуелности од 06 до 09 часот.

March 26, 2020 08:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ денеска ја потврдува одлуката за преговори со С. Македонија и Албанија. Шефовите на држави или влади на Европската унија денеска треба да го потврдат ставот од заклучоците на шефовите на дипломатијата на Унијата кои ги одобрија пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Тие ќе ја повторат и својата заложба за „Зајакнување на процесот на проширување“ и „Веродостојна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“, нова методологија на процесите што го води регионот кон Унијата.

Петнаесетина здравствени работници заразени со корона вирус. Од вкупно 177-те досега заразени со коронавирусот во земјава, 14 или 15 се здравствени работници од Скопје, Кавадарци, Дебар и Куманово. Трета жртва од КОВИД-19 во земјава и втора од Дебар. Пациентката на 66 години која неколку дена беше во тешка состојба и на машина за дишење почина вчера на Клиниката за инфективни болести. Со нејзиниот сопруг беше дијагностицирана на 6 март откако допатувале од Италија.

Заев на ФБ: Солидарност народе мој! Мораме да ги поддржиме работниците и фирмите, затоа што доминантно тие го полнат буџетот, го развиваат бруто домашниот продукт, обезбедуваат плати на нашиот народ, плаќаат даноци и давачки и го генерираат севкупниот развој на нашата земја,  напиша Заев.

Владата донесе Уредба: Банките ќе можат да понудат промена на договорните услови за кредитите. Со уредбата се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците, информираше владината прес-служба.
На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

Сметководителите погодени од кризата со корона вирусот, ќе испорачаат предлог-барања за поддршка. Многу од нив најавуваат и затворање на своите бизниси, со што повеќе од извесно е дека приходите брзо опаѓаат, стои во најавата за прес-конференцијата на Комората на сметководители, закажана за денеска.

Среде пандемија, Косово остана без влада.  Недовербата беше иницирана од вториот коалициски партнер, Демократскиот Сојуз на Косово откако премиерот Албин Курти, го разреши минитерот за внатрешни работи од оваа партија, Агим Велиу, со обвинение дека создал паника со лажна изјава поврзана со ситуацијата со корона вирусот во Косово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шифрин продава свои предмети за да донира средства за борба против корона вирусот

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски најави монтажен паркинг и инфраструктурни проекти во Сарај и Матка

October 4, 2025

(ВИДЕО) Руски напад со дрон врз патнички воз во Украина – најмалку 30 цивили повредени

October 4, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk