ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нови телефонски линии за психо-социјална поддшка на родителите и децата

Со телефонските линии ќе им се понуди поддршка на родителите околу олеснување на продолжениот стрес и ќе им се помогне на децата и тинејџерите да изградат издржливост за снаоѓање во стресни ситуации, особено сега кога им е сменета секојдневната рутина и мораат да останат дома.

March 26, 2020 12:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ денеска отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со КОВИД 19. 

-Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија  070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден. Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 часот секој работен ден, информираат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. 

Ова, велат оттаму, е дополнителна поддршка на веќе воспоставената телефонска линија на Универзитетската клиника за психијатрија за родителите на децата од предучилишна и училишна возраст која сега е отворена и за самите деца на училишна возраст.

-Сакаме да ги охрабриме родителите и децата да разговараат за сите прашања и проблеми. Нормално е тие да имаат различни реакции на КОВИД 19 како што е нормално да се борат да го задржат чувството на нормалност дома, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Во оваа ситуација, додава таа, децата и тинејџерите може да се чувствуваат тажно, изолирано, па дури и луто.

-Со телефонските линии ќе им се понуди поддршка на родителите околу олеснување на продолжениот стрес и ќе им се помогне на децата и тинејџерите да изградат издржливост за снаоѓање во стресни ситуации, особено сега кога им е сменета секојдневната рутина и мораат да останат дома, потенцираа ди Џовани.

Освен непосредните здравствени проблеми, кризите како пандемијата на КОВИД-19, според УНИЦЕФ, може да предизвикаат пошироки ефекти врз децата и нивните семејства, како што се вознемиреност и страв од непознатото. Главната цел на новите услуги е да се обезбеди советување и поддршка за да се спречат второстепени ефекти од епидемијата, како што се запоставување на децата, недостаток на родителска грижа и поголема изложеност на насилство во семејството.

 –Освен одговорното постапување за заштита од вирусот, треба да се погрижиме да бидеме безбедни и од второстепените негативни ефекти коишто пандемијата може да ги има врз нашето ментално здравје. Континуираниот стрес и анксиозност може значително да се одразат врз нашиот ум и способност да се одбраниме. Од огромно значење е сериозно да ги сфатиме нашата и благосостојбата и менталното здравје на нашите деца и да побараме поддршка, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Професорот Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија, пак, вели дека, актуелната пандемија на вирусот COVID-19 ја зголемува свесноста за грижата за нашето и за здравствето на нашите деца.

-Но, покрај физичкото здравје, во вакви услови е од особена важност да обрнеме внимание и на грижата за менталното здравје,   да ја развиваме отпорноста и поврзаноста во рамките на семејството, да ја искористиме оваа несакана состојба како можност за подобрување на ментална благосостојба пред сѐ на младите, вели тој. 

УНИЦЕФ соработува со стручните лица од Универзитетската клиника за психијатрија со цел да се стават на располагање информативни видеа, сесии со прашања и одговори, и подкасти за да им се помогне на родителите и децата подобро да се справат со анксиозноста и стравот поради КОВИД 19 и да се фокусираат на својата благосостојба. 

Next Post

Општина Кисела Вода врши дезинфекција во сите згради на своја територија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk