ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во Гостивар досега едно лице позитивно на корона, тестирани 26 лица

Во Гостивар и околината биле тестирани вкупно 26 лица. Се очекува наскоро да биде отворен и пункт кој ќе работи преку системот „Мој термин“. Последните два сомнителни случаи на вчерашното тестирање биле негативни.

March 26, 2020 14:08
in ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во поширокиот регион на Гостивар во трите околни општини има само еден случај на заболен од КОВИД 19. Лицето е згрижено во инфективното одделние во општата болница. Засега е со лесна клиничка слика. Под полициски надзор се 195 лица кои имаа препораки да бидат во самоизлоција. Во ОЈО Гостивар за непочитување на полицискиот час и мерките за заштита од ширење епидемија, до вчера, до надлежниот суд поднесени 10, а во текот на денот ќе бидат поднесени уште четири кривични пријави.

Ова се акцентите по состанокот на кризниот штаб кој се одржа денеска во салата на Советот на општина Гостивар.

Според претставникот на Центарот за јавно здравје, во Гостивар и околината биле тестирани вкупно 26 лица. Се очекува наскоро да биде отворен и пункт кој ќе работи преку системот „Мој термин“. Последните два сомнителни случаи на вчерашното тестирање биле негативни.

– За среќа имаме само еден случај потврден случај и состојбата е под контрола, но е многу сериозна. Општата оценка е дека мерките се почитуваат и граѓаните се придржуваат кон нив. Искажувам голема благодарност до медицинските лица кои деновиве работат напорно, рече градоначалникот Арбен Таравари по состанокот на кризниот штаб.

Од денеска, граѓаните на кои ќе им биде потребна дозвола за движење по 21 часот, по одобрувањето документот ќе може да го подигнат во канцеларијата на информативниот центар или да се јават на телефон 072 233 334.

Заклучок на штабот е да се забрани дистрибуција на продукти и средства како донации од здруженија или поединци.

– Со целосна почит кон сите хумани луѓе, но оваа форма на дејствување е надвор пропишаните мерки. Исто така бараме да престане и производство на заштитни маски во неконтролирани услови и нивната дистрибуција. Наместо заштита може да се заразат повеќе граѓани, затоа што маските во домашна состојба се нестерилизирани, рече Таравари.

Тој ги повика граѓаните однапред да се консултираат со релевантните институции за каква било помош и да се стапи во конктакт со организацијата на Црвен Крст.

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ се воведени вонредни мерки, па така се примаат само итни случаи, а на влез се спроведуваат епдемиолошки анкети и мерење на температура. Сомнителните случаи ќе бидат упатени во инфективното одделение.

Низ Гостивар, екипи на комуналните претпријатија спроведуваат редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, а во тек дезинфекција на заедничките простории на станбените згради.

Во текот на утрото и синоќа полицијата лишила од слобода четири лица на кои по целосно расчистување и документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Next Post

Над половина милион Британци се пријавиле за доброволци во справувањето со Ковид-19

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk