ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заменик министерот Павлески во посета на Прилеп

Павлески рече дека заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, вршат увид на дел од активностите кои локалната самоуправа ги презема во справувањето со корона вирусот.

March 26, 2020 15:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот Јованоски и заменикот министер Павлески извршија увид во
спроведувањето на мерките за заштита од корона вирусот.

„Не само нашата држава, туку најголемиот дел од светот е соочен со пандемијата
со корона вирусот. Владата презема низа на мерки и постојано испраќа препораки
до граѓаните да се придржуваат до нив, со цел да ја добиеме оваа ‘војна’ против
невидливиот непријател“, изјави замениот министер за локална самоуправа, Дејан
Павлески за време на денешната посета на Прилеп.


Павлески рече дека заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија
Јованоски, вршат увид на дел од активностите кои локалната самоуправа ги
презема во справувањето со корона вирусот.


„Општината е доста спремна и досега успешно се справува со овие предизвици.
Во овие моменти, исклучително важна е соработката помеѓу сите институции,
помеѓу Владата и локалната самоуправа, при што се покажа дека улогата на
локалната самоуправа е од исклучително значење. Генерално, општините вршат
дезинфекција на јавните површини и на јавните установи. Во координација со
Црвениот крст им се помага на старите лица и на оние на кои помошта во овие
моменти им е најнеопходна. Сакам да упатам порака до граѓаните, дека доколку
максимално ги почитуваме препораките на Владата и на Министерството за
здравство, побрзо ќе излеземе од оваа кризна состојба“, изјави заменикот
министер Павлески.

Градоначалникот Јованоски истакна дека Општинскиот кризен штаб е во
перманентно заседавање и секојдневно носи нови мерки за заштита на здравјето
на граѓаните на општина Прилеп и, во таа насока, потсети на дел од донесените
мерки.

„Општинскиот кризен штаб донесе заштитни мерки и се’ што треба да се прави, во
интерес да имаме што помалку заразени од корона вирусот. Ги дезинфициравме
сите основни и средни училишта, детските градинки, Домот за стари лица, укинат
е јавниот градски превоз, континуирано се врши дезинфекција на улиците во
градот и населените места, плоштадите и тротоарите. Од денеска почнавме со
дезинфекција на влезовите во зградите, на сите јавни површини во градот, а
затворен е и градскиот пазар. Како градоначалник, сакам уште еднаш да
апелирам до нашите сограѓани, да се вознемируваат и да го почитуваат
полицискиот час кој во овие неколку денови добро функционира во нашата
општина“, истакна градоначалникот Јованоски.

Инаку, според информацијата од ОВР Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 183
граѓани од општина Прилеп, а против едно лице кое ја прекршило оваа мерка,
денеска е поднесена кривична пријава.

 

 

Next Post

Препораки за управување со отпад за оние во карантин или самоизолација, со сомнителен случај во домот

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk