Маж од Тетово на 69 годишна возраст е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирус, изјави денес д-р Шабан Мемети директор на Институт за јавно здравје при посетата на Тетовскиот центар за јавно здравје. Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.
-Сношти е утврдено дека маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово.
Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, рече Мемети.