Министерството за животна средина и просторно планирање објави Препораки за управување со отпад за оние во карантин или самоизолација, со сомнителен случај во домот.
„Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) да се стават безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба!
Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.
Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин“, пишува во препораките на МЖСПП.
„Потребно е носење на заштитна опрема на комуналните работиници, односно сите собирачи на отпад, и применување на претходно изнесената процедура за отстранување на заштитната опрема од страна на сите лица кои ја користат во рамки на своето работење“, се вели во соопштението.