Европската унија денеска ја одбележува 25-годишнината од нејзиниот Шенгенскиот договор за отворање на границите со затворање на сите свои копнени граници или со силни проверки поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот, објави Ројтерс, а пренесе РСЕ.
Шенгенскиот договор, во чија основа е сè поинтегрирана и обединета Европа, стапи во сила на 26 март 1995 година. Првично се укинаа проверките на границите меѓу Франција, Германија, Белгија, Холандија, Луксембург, Шпанија и Португалија. Во следните месеци и години се прикчлучија и други држави, па денес Шенген зоната брои 26 членки, вклучително и Швајцарија и Норвешка, кои не се членки на ЕУ. Но, на својата 25-годишнина од договорот, неговата основа практично е суспендирана заради коронавирусот, кој ги замрзна повеќето економски и социјални активности, ги наруши синџирите на снабдување и повеќето Европејци ги претвори во затвореници во нивните домови.
Во вчерашниот интерен извештај на ЕУ, се вели дека сите земји-членки на ЕУ вовеле ограничувања на границите или нивно затворање, со исклучок на Ирска, која не е членка на шенген-зоната и не дели никаква копнена граница со државите на ЕУ по излегувањето на Велика Британија од блокот.