ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Средбата Мицкоски – Филипче моноетничка; можност за импровизација и дефокус на реалните состојби

April 3, 2025 12:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче изјави дека на средбата со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе зборува за нов општествено-политички концепт. Но, од друга страна, оваа средба во очите на јавноста се гледа како на тенденција да се претвори државната политичка дебата во моноетничка, од онаа која претходно беше мултиетничка.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека ова би имало последици кои што би ја натерале државата кон една нова Република Македонска, по моделот на република Српска.

– „Предлогот“ на Филипче и „отвореноста“ на Мицкоски за „нов општествен договор“ – обид за одржување на третата генерација исти економски и политички играчи и лоши пракси. Тие сакаат да продолжат „да ја водат земјата“ исто како и до сега: со економски порази, државно спонзориран криминал и корупција, исклучувајќи ги несистемските Македонци и Албанци од економијата и политиката. На кусо, флертот на Филипче и Мицкоски е само обид за официјализирање на договорањето меѓу Заев, Мицкоски и олигархијата во скопска „Автокоманда“ од 2022/23. И на тоа мора да се спротивставиме особено ние Македонците. Во основата на овој договор е задржување на економска и политичка „самоуправна“ администрација од југословенско Скопје во име на Белград: до 1991 во име на Југославија, од 2018 во име на „српскиот свет“ преку припадност кон „Отворен Балкан“. „Во духот на“ вториот дел од „референдумското прашање од 1991“, анализира Величковски.

Проф. Башким Селмани – интервју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Дехран Муратов ( 18 декември 2023 год.)

Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, во изјава за Фронтлајн вели дека сите други освен граѓаните што ги подржуваат двете најголеми политички партии на Македонците, на ова средба можат да гледаат како провокација.

– Политички партии кои на место да ја водат земјата во Европската Унија, фактички го носеле државата во најголемииот јавен долг, како и ја злопотребиле привититизација треба да разговарат за јавниот долг на државата, бидејќи само овие две политички партии го знаат тоа како настанал тој јавен долг и како е реализирана приватизацијата. Македонија е земја која моментално е отворен гроб на корупцијата и организираниот криминал, и затоа овие две политички партии морално несе во состојба да го разчистат со криминалот и криминалитетот без помош на другите земји од Европската Унија. Од друга страна сите такси кои ги плаќаат сите граѓаните, а ги делат политички партии кои одлучуваат сами, и фактички другите граѓани можат да гледаат како на провокација. Истата провокација, како на овие две најголеми политички партии, доколку најголемите политички партии на Албанците се сретната сами, исто би се чуствувале и овие две најголеми политички партии. Така што Мицкоски и Филипче и да сакаат да го регулираат демократскиот систем, најпрво треба да дадат отчет за големиот јавен дог, за кој фактички никој не дава отчет, затоа морално овие две политички партии треба да дадат одговор кога настанал и зашто е јавниот долг, анализира професор Селмани.

Според него, ова средба од граѓаните најмногу се гледа како дефокус на овие две основни проблеми или постулати за кои нема решење веќе три деценија.

– Исто така, мислам дека доколку се постапува со одлучување на две политички партии, тоа не и создава пријатност на другите граѓани, бидејќи се знае дека Македонија е мултиетничка држава и треба да се постапува мултиетничко. Доколку се постапува овака, само може да се гледа како импровизација и дефокус на реалните состојби. Значи во Македонија, тема која треба да биде за сите политички партии, треба да биде јавниот долг и организираниот криминалитет и корупција. Се што се зборува надвор од овие две постулати, не верувам дека може да биде успешно, вели тој.

Од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) велат дека со средбата Мицкоски – Филипче на јавна сцена ќе ни биде демонстрирана моноетничката коалиција чија основна цел е да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка, во моноетничка демократија.

– Иако на јавноста ќе ѝ бидат презентирани поинакви точки, дозволете да ви го презентираме дневниот ред на денешната средба кој нема да го видите во јавноста:

Точка 1: Неказнивоста. Како да не одговараат. Каков правосуден систем им треба за да можат да продолжат да се напаѓаат во јавноста, но суштински меѓусебно да се заштитат дури и кога во прашање ќе дојдат трагедии како онаа во Кочани.

Точка 2: Како да се отстранат Албанците од сите нивоа на власт во државата, и потоа да се држат на периферијата на општествените текови

Овој план не е нов, туку е скорен пред три години преку ноторниот договор Мицкоски-Заев пред сѐ како заштитен чадор за транзициската олигархија во земјава. Планот веќе се реализира преку укинувањето на Балансерот, моноетничкото одлучување на Уставниот суд, но и отстранувањето на Албанците од голем број високи позиции во државната управа. Треба да се напомене дека реализацијата на овој план е невозможна без да се пронајдат „чесните Албанци“ кои треба да обезбедат лажна легитимација за мултиетнички консензус на ова политичко преструктуирање, велат од партијата на Али Ахмети.

И пратеникот на Европскиот фронт од редовите на групацијата на Зијадин Села, Елми Азири оваа средба ја нарекува моноетничка, а имплементација на Македонија е повторно ваша платформа.

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе се сретне со претседателот на најголемиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче! Откако беше избран за претседател на СДСМ, првата средба му беше со претседателката на државата, г-ѓа Силјановска-Давкова! Последниов веќе неколку години го нарекуваат министер за смрт, исто така од ВМРО! Оваа моноетничка средба е практична имплементација на Македонија повторно е твоја! Платформа, реагира Азири.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како што изјави, „слушајќи го алармот на граѓаните“ – ќе предлагал концепт за нов општествен и политички дијалог.

– По големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средба во следните денови. Во однос дали очекува неговиот предлог за лидерска средба да биде прифатен, тој рече дека уште денеска или утре (2 и 3 април) ќе побара состанок со премиерот Мицкоски, согласно агендите, за да се организира таа средба.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИлидерска средбаПолитички диалогСДСМСобрание
Next Post

Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор - голем чекор напред

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk