Српските студенти во блокада, кои со велосипеди се упатија во Стразбур, синоќа пристигнаа во Виена, каде беа срдечно пречекани од голем број граѓани.
Српската дијаспора синоќа ги пречека студентите велосипедисти во Виена, град во кој живеат над 170.000 Срби. Тоа беше, велат, еден од најголемите и најубавите пречеци што ги доживеаја студентит, пренесува Н1.
Тие ноќеваа во Виена, а денеска одат кон Емерсдорф на Дунав до кој треба да извозат околу 88 километри.
Нивните колеги од Белград упатија шесто барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за престојот на новинарските екипи и на Александар Вучиќ во одделението за интензивна нега на УКСЦ каде се сместени пациентите повредени во пожарот во Кочани.
Во меѓувреме блокадите во Србија продолжуваат.
Студентите во Крагуевац шест часа го блокираа еден од најважните патишта. Студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад организираа протест пред Заводот за студентска здравствена заштита. Во Белград се одржа студентски протест во блокада пред Универзитетот „Унион – Никола Тесла“, поради објавување на априлскиот испитен рок.
Еден студент на Сообраќајниот факултет е приведен на разговор во полициската станица Савски венац поради видео на Информер.
Ј. Ѓ.