Денес каде и да одите, во Тиквешијата, во Пелагонија кај тутнарите, во Струмичко кај раноградинарските производи, зелката, ќе видите дека имаме историски цени и историска наплата зашто оваа Влада се бори за земјоделците, а не е ортак со откупувачите и така ќе продолжи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со нападите на опозицијата дека пред почетокот на новата сеозна не им се помага доволно на оризопроизводителите, Мицкоски потсети дека веќе е реализирана интервентната исплата од околу 50 милиони денари, а и оризот, како што рече, стана стратешка кулура.
-Нема да ги коментирам нападите на опозицијата која или не е информирана или ја греши темата. Веќе е реализирана интервентна исплата од околу 50 милиони денари, обезбедени се и 130 – 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување. Оризот сана стратешка кулура и ќе биде дел од стоковните резерви. Тоа што ние го направивме за неколку месеци, тие седум години не ни помислија да го прават за земјоделците, најмалку за оризопроизводителите. Се сеќавате тогашниот министер кој посебно ним им ветуваше, за жал, не само што не го испорача, туку и и дополнително ги уништи,потенцира премиерот во рамки на денешната посета на Општина Штип.