ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протести во Бугарија против воведувањето на еврото

May 31, 2025 11:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива загрижува многу граѓани.

-Доколку Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качувате на Титаник, изјави Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест на кој се бараше задржување на бугарската валута – левот.

Од јануари, противниците на воведувањето на заедничка европска валута во Бугарија започнаа протести и побараа референдум за ова прашање, среде поплава од дезинформации.

Сеќавања на економската криза од 1996-1997 година, во која 14 банки банкротираа, а хиперинфлацијата скокна до над 300 проценти, исто така, оживеја, а тоа беше потикнато од опозицијата.

Неколку неодамнешни анкети покажаа дека речиси половина од испитаниците наведуваат дека се противат на приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.

Дебатата повторно ја разгоре анти-ЕУ пропагандата, а многу од оние што се противеа на усвојувањето на еврото почнаа да мавтаат со руски знамиња.

Бугарија, која се приклучи на Европската унија во 2007 година, е најсиромашната земја во Унијата.

А „сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“, изјави Боријана Димитрова, директорка на Институтот за истражување „Алфа“.

Ова, заедно со недовербата во институциите по години нестабилност, создаде плодна почва за населението од 6,4 милиони да се плаши од економски промени.

Овој страв беше поттикнат и од некои политички групи, вклучувајќи ја и крајнодесничарската партија „Препород“, која за денеска повика на нов митинг против еврото во главниот град.

На почетокот на мај, прорускиот претседател на земјата, Румен Радев, даде изненадувачка изјава, повикувајќи на референдум за ова прашање.

Оваа недела тој ја обвини владата дека не ги спроведува потребните мерки за да им овозможи на „најранливите“ да го издржат шокот од усвојувањето на еврото.

Според податоците на Евростат, една третина од Бугарите во текот на минатата година се соочиле со закана од сиромаштија или социјална исклученост.

Дезинформациите што се широко распространети на социјалните медиуми лажно тврдат дека со воведувањето на еврото, „Брисел ќе ги конфискува вашите заштеди за да ја финансира Украина“.

Во меѓувреме, проевропските гласови се борат да бидат слушнати.

„Во Софија и поголемите градови, населението – побогато, пообразовано и помладо – го гледа тоа како логичен следен чекор во процесот на европска интеграција“, рече Димитрова.

Tags: бугаријаевропротести
Next Post
Генерирано со ВИ

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик, од 25 на 50 отсто

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

„Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

August 27, 2025

Филипче: Додека ВМРО ДПМНЕ е на власт противниците на Македонија мирно спијат

August 27, 2025

Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk