ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Германските јавни медиуми бараат заштита од популистите и ултрадесничарските партии

June 5, 2025 15:52
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ

Работната група на редакциите на јавните медиумски сервиси (АГРА) на Германија предупреди на зајакнување на популистичките и екстремно десничарските партии во Германија, во Австрија и во Швајцарија, на задушување на независноста на медиумите и дискредитирање на новинарите и ги повика сите демократски сили да ги заштитат своите медиумски куќи.

– Низ цел свет десничарските популисти ги потиснуваат медиумските слободи. Причината е јасна. Сериозните медиуми се непријатни, тие ги разобличуваат и покажуваат со прст. Она што ѝ е потребно на демократијата не се „алтернативни факти“, туку слободно и критичко новинарство – повеќе од кога било. Наместо тоа, новинарите се дискредитирани, а финансирањето е намалено, објави АГРА на пролетна сесија во Минхен.

На состанокот присуствуваа и претставници на австриската јавна радио-телевизија ОРФ и швајцарската јавна радио-телевизија на германски јазик СРФ.

Учесниците на сесијата ги повикаа сите демократски партии на федерално ниво, во покраините и во кантоните да ги заштитат јавните медиумски куќи и истите соодветно да се финансирани и законски обезбедени.

АГРА, исто така, го повика раководството на јавните радиодифузни институции да покаже поголема самодоверба кон противниците на демократијата и оцени дека политичката и економската независност се клучни за внатрешната и надворешната слобода на јавните медиуми.

– Независноста, доверливоста и плурализмот на мислењата се ДНК на јавните правни институции и мора да останат недопрени. Затоа, АГРА бара дополнително зајакнување на статутите на редакциите, така што радиодифузерите ќе бидат заштитени од внатрешни влијанија. Внатрешната слобода на радиодифузерите исто така мора да остане недопрена, објави АГРА.

АГРА ги обединува избраните претставници на уредничките одбори на германските јавни телевизиски станици ЗДФ и АРД, федералната радиостаница Дојчландфунк и германската меѓународна радиостаница Дојче Веле. Правото на работната група да учествува во креирањето на политиката за јавни медиуми е потврдено од Уставниот суд, а во неколку покраини ова право е исто така загарантирано со закон.

Tags: Германски медиумизаштита
Next Post
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk