ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Иднината е сега: Вештачката интелигенција е срцето на модерното војување – водена од човекот

Ова е дел од анализата „Линии со код, реки од крв“ за тоа како вештачката интелигенција ги менува војувањето и цивилизацијата, објавена во Civil Today на 9 мај 2025

June 10, 2025 10:00
in TECH FRONT, ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Линии со код, реки од крв | Lines of Code, Rivers of Blood

Оваа приказна не е за иднината, туку за нашата реалност – сега. Реалност обликувана од необјавената Трета светска војна, водена и тајно и пред очите на јавноста. Во овој глобален конфликт, вештачката интелигенција игра клучна (а веќе и неспорно ескалирачка) улога.

Не како самостоен господар на својата волја (сè уште е далеку од тоа), туку како стратешки ресурс во рацете на оние што веќе ја поседуваат моќта. Најопасните раце што ја поседуваат вештачката интелигенција не се некои побунети интелигентни машини, туку добро познати технолошки олигарси кои ги оптимизираат својата моќ и профит, воено-индустриски комплекси за автоматизирање на смртта, и – што е најстрашно – авторитарни лидери што го претвораат стравот, лагите и фабрикуваните реалности во оружје.

Вештачката интелигенција веќе не е ограничена на лаборатории за истражување или научна фантастика. Таа е вградена во секоја пора на современиот конфликт: логистички системи што во милисекунди координираат синџири на снабдување меѓу различни континенти; мрежи за следење што имаат способност да препознаваат лица, следат движења и ги профилираат намерите; системи за пресретнување комуникации што анализираат, преведуваат, па дури и имитираат гласови во реално време. Во борбените дејствија, вештачката интелигенција избира цели, насочува проектили и одлучува кој ќе живее, а кој ќе умре. Нова и застрашувачка реалност – сведена на уште еден факт од секојдневниот живот. И смрт.

Сепак, со вештачката интелигенција се водат најподмолните битки токму во сферата на информациите. Неуралните мрежи генерираат дезинформации со обем и брзина далеку над човечките капацитети – преплавувајќи ги временските нишки (timelines) со лажни видеа, синтетички гласови, прифатливи наративи и уверливи лаги. Дипфејковите ја бришат границата меѓу реалноста и измислицата. Ботови водени од вештачка интелигенција го манипулираат јавниот дискурс, претставувајќи се како загрижени граѓани или доверливи извори.

Сајбер арсеналите на оружје, сè повеќе засилени со вештачка интелигенција, тивко навлегуваат во критичните инфраструктури – саботираат енергетски мрежи, комуникациски системи и други клучни структури, крадат разузнавачки податоци и сеат хаос. Тие се невидливите архитекти на современото војување – обработуваат податоци, управуваат со дронови, обликуваат наративи и го редефинираат разузнавањето на боиштата во реално време.

Во оваа хибридна војна, фронтовите се флуидни и се протегаат далеку од рововите и боиштата. Лагите претворени во оружје ги замаглуваат сите граници – меѓу војна и мир, меѓу странско и локално, меѓу војник и цивил. Вештачката интелигенција веќе не е само алатка. Таа е и оружјето, и теренот на кој се води оваа војна.

Преземено: Цивил Медиа


Lines of Code, Rivers of Blood

Next Post

Унија за Медитеранот - За 25 години во Средоземното Море може да има повеќе пластика отколку риба

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk