ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

Петар Богојески, директор на национална агенција поврзана со Европската Унија и член на владејачката коалиција, со манипулативен и клеветнички коментари го нападна Фронтлајн. Таквото однесување ја поткопува медиумската слобода и демократските вредности кои тој треба да ги претставува.

June 22, 2025 15:12
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фронтлајн денеска (22 јуни 2025) објави вест со наслов: „Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објекти“. Во веста се пренесени информации од домашни (МИА) и меѓународни извори, вклучително и официјално соопштение на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Наместо оваа стандардна новинарска содржина да се третира како што прилега – како извештај што ја информира јавноста за важни глобални настани – Петар Богојески, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и функционер во коалициската влада на Христијан Мицкоски, ја искористи како повод за уште еден неоснован, груб и манипулативен напад врз Фронтлајн.мк.

На официјалната Фејсбук страница на Фронтлајн, Богојески коментираше:

„Многу загрижени вие од црвената комуна за Иран? До некни бевте главни амери! Или снема кешарица од УСАИД, па сега се чека на донации од Катар?“

Ова не е изолиран испад. Богојески има долгогодишна практика на агресивни, клеветнички и политички мотивирани напади во јавниот простор, често исполнети со вулгарни навреди, говор на омраза и дезинформации. Неодамна, во изјава за медиумите се обиде да избегне одговорност со изјава дека неговиот профил бил „хакиран“ – што беше пречекано со потсмев. Без чувство за одговорност и самоконтрола, тој набрзо по таа гротескна изјава продолжи со навредливо и насилничко однесување во јавната комуникација.

Како владин функционер и директор на институција поврзана со Европската Унија, ваквиот настап не е само недоличен – туку претставува директна закана за медиумските слободи и довербата во демократските институции.

Со вакво однесување, Богојески не само што го дискредитира својот личен интегритет, туку и угледот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а со тоа и на програмата Еразмус+, која е симбол на дијалог, толеранција и европски демократски вредности.

Упатуваме повик до јавноста, институциите и меѓународната заедница:

Ова однесување мора да биде јавно отфрлено и најостро осудено.

Кога владини функционери се впуштаат во клеветнички напади врз медиуми, молкот е соучесништво.

Редакција ФРОНТЛАЈН

Next Post

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk