ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

July 11, 2025 07:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Јане Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Не знам за вас, ама јас олку национал-идентитетски горд не сум се чувствувал никогаш. Еве, не знам што да правам со гордосва од радости. Ми иди да ја пратам гордосва да ги изгаси сите пожари, да ги зголеми платите, да ги намали цените, да го воскресне здравството и образованието…
Ама пак, од друга страна, не ќе си ја мачам гордоста со простосмртни работи.

Премиерот Мицкоски ни кажа, цитирам: – „Ќе остане запишано и за век и векови запомнето дека европскиот извештај со македонски идентитет и македонски јазик помина на АФЕТ, на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент и денеска пред да се донесе оној срамен амандман, се најде на масата на сите европратеници коишто гласаа во рамките на Европскиот парламент. За прв пат во независна Македонија, истакна Мицкоски“. Остануваме горди, со крената глава, вели Мицкоски.

Инаку, во извештајот на Европскиот парламент не стои ниту „македонски народ“, ниту „македонски јазик“. Тие формулации се избришани на предлог од сестринските им вмровски десничарски европарламентарци. Тоа е голата вистина. А токму тоа е она што Мицкоски го слави како успех.

Да му се чуди човек на паметот.

И што е најцинично – темата за јазикот и идентитетот воопшто не е дел од преговарачката рамка за пристап во ЕУ. Тоа милион пати е кажано и потврдено од сите од ЕУ. Вчера го повтори и евроамбасадорот Рокас во Охрид. Тоа е затворена тема. Освен за Мицкоски и за ВМРО-ДПМНЕ, што од само гол популизам со чепкање во националните чувства упорно ја отвораат.

Но, на кого му е гајле?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи проблем од нешто што е решено – само за да можат потоа да излезат како „бранители“ и да бегаат од реалноста.

А реалноста?

Реалноста е во пожарите што беснеат низ Македонија, додека Мицкоски и компанија држат партиски трибини. Во институциите што не функционираат. Во платите што не покриваат основни трошоци. Во негласањето помош за семејствата на настраданите во Кочани. Во граѓаните што се оставени сами на себе.

Но, барем сме горди. Еве ја гордоста, ме удира во чело и ми вади око. А што е едно око да оди жртва за гордоста ми национал-идентитетска.

Таа нели не гасне пожари, не лечи, не храни – ама сјае, како ореол, гордо – како ВМРОто.

Ќе ви раскажам една вистинска анегдота (не знам дали сум ја пишал досега) околу патриоти-предавници темата, што лично мене ми се случи пред десетина години:

Со такси одиме неколку присобрани од автобуска од Прилеп за Скопје. Бевме петмина заедно со таксистот. Четворицата се разврзаа патриотски муабети: Грците вакви, мамицата нивна, Бугарите татари се даваат за две чрвени, комуњарите смрдени продаени души… и во тој фазон. Јас ќутам и се смешкам. Едниот ме познава и им вели, као на смеа: „А бе овaј е од другине од предавниците, потро со муабетиве“. Сите се смееме. Како што врви патот разбравме дека тројцата ми сопатници ќе оделе на аеродром. Ќе летале за Виена и ќе останеле таму. Ги прашав: „Како ќе останете да работите таму подолго време?“. Па ми велат – „Си имаме бугарски пасоши бе не сме ние глупи до толку“. На тоа се надоврза и таксистот и се пофали дека и тој земал бугарски пасош. Рече: „ни јади ни пија, да ми се најде за зло време“. Се изнаправија муабет како ги извадиле пасошите, како ги заебале Бугарите, колку платиле, што потпишале… По некое време им велам: „А бе, од сите овде само јас предавникот немам бугарски пасош“. Удривме јака смеа…

Ете тоа драги мои ни е нашата патриотическа реалност.

Смешка жива.

Антонио и вмрото – пробугарчени – ќе те бранат од Бугарите. Тие се патриотите. А ние – предавниците.

И таквите најмногу врескаат.

Тие, со бугарските пасоши, што ја имаат ЕУ во џеб, се тие што ни вадат очи за македонштината. Се декларираат како „македонски синови“, а пишани се Бугари од дедо прадедо. Тие се гордите што нè етикетираат како предавници и изроди – затоа што сакаме државата да се афирмира, да живееме како нормален свет, да напредува земјава. Децата да не бегаат. Аир да видеме.

И така.

Ајт!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: гордостЕУидентитетЈане ЃорѓиоскиМицкоскипатриотизам
Next Post

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk