ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025 08:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за да го придобие во поддршката за членство на Украина во Европската Унија, јави синоќа „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Разговорот уследил по средбата во Белата куќа меѓу Трамп и европските лидери, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европските претставници го замолиле американскиот лидер да ја искористи својата блискост со Орбан за да го убеди да се откаже од ветото на украинското членство во ЕУ – цел што Кијив одамна ја посакува.

Според информациите, Унгарија изразила подготвеност да биде домаќин на следниот самит, на кој би учествувале Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Трамп ја поддржал идејата за ваква средба, по која би следел и трилатерален состанок меѓу двајцата лидери и американскиот претседател. Засега не се познати времето и местото на одржувањето.

Весникот „Политико“ јави дека Белата куќа разгледува можност трилатералната средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски да се одржи во Будимпешта.

Орбан, кој одржува блиски односи со Путин, во повеќе наврати се обидувал да го блокира или забави европското финансирање на оружје за Украина, како и воведувањето санкции против Кремљ. Ни Белата куќа, ниту канцеларијата на Орбан засега не ја коментираа телефонската комуникација, посочува Блумберг.

Унгарскиот премиер вчера преку Фејсбук порача дека членството на Украина во ЕУ „не обезбедува никакви безбедносни гаранции“ и дека „поврзувањето на членството со гаранции за безбедност е непотребно и опасно“.

Разговорот со Орбан се случил истиот ден кога Трамп имал и телефонска дискусија со Путин, која траела околу 40 минути и се одвивала без присуство на европските лидери и Зеленски.

Средбата во Вашингтон со европските официјални лица и Зеленски уследи само неколку дена по средбата на Трамп, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф со Путин во Алјаска.

Рубио сега ја предводи новоформираната заедничка комисија составена од претставници на САД, ЕУ, Украина и НАТО, која ќе работи на предлог за безбедносни гаранции за Кијив.

Трамп, кој инсистира на завршување на руско-украинската војна што трае веќе три и пол години, најави подготвеност за воздушна поддршка на Украина како дел од можните гаранции.

– Подготвени сме да им помогнеме со многу работи, особено, веројатно, преку воздух, затоа што никој нема тоа што ние го имаме, изјави американскиот претседател.

Tags: ЕУОрбанТрампУкраина
Next Post

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk