ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народната банка започна проект за модернизација со поддршка од ЕУ

September 24, 2025 14:42
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Народната банка, со поддршка од Европската Унија, започна со реализација на проектот „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, чија цел е модернизација на институцијата и приближување до европските стандарди, што ќе овозможи посигурни услуги и поголема доверба кај јавноста.

Проектот се состои од две клучни компоненти: статистиката и платните системи – области коишто претставуваат темел на монетарната политика и модерната финансиска инфраструктура.

Првата компонента се однесува на воспоставување склад на податоци за екстерните статистики. Овој податочен склад ќе овозможи современ, автоматизиран и флексибилен модел за собирање, обработка и анализа на податоците за билансот на плаќања, странските директни инвестиции и меѓународната инвестициска позиција. И покрај високото ниво на усогласеност со европските барања, дигитализацијата на процесите ќе овозможи попрецизни, подетални и меѓународно споредливи податоци. Модернизацијата на техничките решенија коишто се користат во процесот на подготовка на квалитетна и навремена статистика, ќе овозможи подобар пристап до информации за граѓаните, компаниите и за институциите, ќе ја зголеми ефикасноста и транспарентноста во работењето и ќе ја поддржи земјата во подготовките за пристапување кон Европската Унија.

Втората компонента е усвојување на новиот светски стандард ISO 20022 во платниот систем МИПС. Усвојувањето на овој меѓународен стандард ќе ја засили интероперабилноста помеѓу домашните и меѓународните платни системи, а особено платните системи со кои управува Европската централна банка и во рамките на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како основа за забрзување, поедноставување и поевтинување на прекуграничните плаќања во иднина. Придобивките од овие промени несомнено ќе ги почувствуваат сите сегменти на економијата – банките, компаниите, населението и државата. Со оваа трансформација се создаваат предуслови за поефикасни финансиски пазари, посилна конкурентност и поефикасно управување со ликвидноста на банките и компаниите, како и за подобро корисничко искуство за граѓаните.

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во своето обраќање се осврна на двете компоненти на проектот.

-Статистичката компонента обединува два клучни аспекта на статистиката на централната банка. Прво, тоа е осмислувањето и модернизацијата на техничките решенија коишто се користат во процесот на подготовка на квалитетна и навремена статистика, како јавно добро. Централните банки, во изминатите дваесетина години, а особено по големата финансиска криза се соочуваат и со поголема дигитализација, но и со зголемена потреба од поопсежни и подетални сетови податоци. Оттука произлегува и сѐ поголемиот интерес на централните банки за процесите на управување со податоците, преку различни пристапи во градењето на оваа податочна архитектура ‒ од виртуализација, па сѐ до изградба на податочни складови, рече тој.

Истакна дека крајната цел е секако, да се обезбедат структурирани, „прочистени“ и стандардизирани  податоци, коишто ќе бидат корисни за носење соодветни одлуки засновани на информации, но и податоци коишто ќе бидат од значење за истражувачите, аналитичарите, новинарите, како и за секој граѓанин и институција чиишто очекувања се транспарентни и точни информации.

Тој посочи дека статистичките податоци со помош на овој проект ќе бидат организирани и структурирани во современ податочен склад.

-Новото технолошко решение ќе овозможи модерен и автоматизиран модел за складирање и организирање на податоците што се неопходни за изготвување на билансот на плаќања, странските директни инвестиции и на меѓународната инвестициска позиција. Екстерните статистики се еден од столбовите на макроекономската анализа за една мала и отворена економија како нашата. Тие се основата за оцената на трговската и финансиската интеграција на земјата, поради што во време кога светот се соочува со постојани и брзи глобални промени, екстерните статистики мора да „одат во чекор“ со нив за да ја задржат релевантноста, рече Славески.

Тој појасни дека оценките на Eвростат покажуваат дека и сега, екстерните статистики имаат висок степен на усогласеност во однос на методологијата и роковите во кои се изготвуваат и се доставуваат, но постои „јаз“ во однос на европските барања којшто се однесува на обезбедувањето подетални и вкрстени податоци.

-Токму новиот склад на податоци ќе овозможи да се надминат утврдените јазови, преку обезбедување подетални податоци по земја партнерка, по економска и по географска зона, а со тоа и целосна усогласеност со барањата, наведе Славески.

Евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека ова не е само технички проект, туку инвестиција во отпорноста, транспарентноста и довербата — инвестиција во модернизацијата на банкарскиот систем.

-Приклучувањето на Северна Македонија кон Единствената област за плаќања во евра оваа година ќе придонесе за надградба на статистичката и платежната инфраструктура, што дополнително ќе ја усогласи земјата со европските стандарди и ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните, компаниите и за економијата во целина, потенцира Рокас.“

Проектот беше презентиран од страна на експертите на Народната банка Дане Крстевски, раководител на проектот, Јасминка Додева Ковачева, раководителка на компонентата за склад на податоци и Борче Ристовски, раководител на компонентата за платниот систем МИПС.

Проект е значаен чекор кон модернизација на Народната банка и приближување кон европските стандарди, со директни придобивки за граѓаните, компаниите и целокупната економија. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУНародна банка
Next Post

Шукова: Ѓорѓиевски избега да се соочиме на дебата на "Само вистина"

НАЈНОВО

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Блиску сме до договор за Газа, крај на војната и враќање на заложниците

September 26, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

СДСМ: Скринингот кој го побаравме за Трубарево покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk