ЌЕ се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами да се организираат додека трае полицискиот час, соопшти министерот Дамјан Манчевски.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Св. Николе ги обедини младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие заеднички реализираа акција за дезинфекција на улиците и јавните површини на територија на Општина Свети Николе.
ПОВЕЌЕ од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил за време на полициски час.
ЈАВНОТО сообраќајно претпрјатие Скопје информира дека од утре, четврток (9.04.2020 год), па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.
УШТЕ две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.
КУМАНОВСКИОТ градоначалник Максим Димитриевски, изрази сочувство до семејствата на починатите и напомна – не заборавајте, не сте сами, Куманово е со вас.
ВЛАДАТА информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани.
ВИДЕОСЕСИЈА „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“ на која говорат министрите Крешник Бектеши и Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Петровска за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.