ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битката за Чаир: Мегапроекти, зелени политики и дигитална транспарентност

October 14, 2025 11:41
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во трката за градоначалник на Општина Чаир, кандидатот на Алијансата за национална интеграција, Бујар Османи, и кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, претставија детални програми за периодот 2025–2029 година, кои вклучуваат крупни проекти во инфраструктурата, животната средина, образованието и јавните услуги.

Во предизборната трка за Општина Чаир, двајцата кандидати – Бујар Османи од Алијансата за национална интеграција и Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН – настапуваат со програми кои предвидуваат значителни промени во изгледот и функционирањето на оваа урбана општина.

Инфраструктура 

Бујар Османи во својата програма вети проширување на неколку клучни улици, меѓу кои „Цветан Димов“ со подземен премин и плоштад „Лирија“ со подземен паркинг, како и проширување на улиците „Џон Кенеди“, „Митхат Фрашери“ и нов кружен тек на крстосницата помеѓу „Џон Кенеди“ и „Митхат Фрашери“. Неговиот план вклучува и изградба на подземен паркинг кај училиштето „Васил Главинов“ и градинката „Снежана“, на површина од 40.000 м² со надземен простор за образовни објекти.

Изет Меџити, од своја страна, најави изградба на повеќекатни гаражи на неколку локации, вклучувајќи го плоштадот „Скендербег“, комплексот „Чаирчања“ и населбите „Саук Чешма“ и „Топанско поле“. Во план се и реконструкции на улиците во стар дел на Чаир и во населбите „Тенеќе Маало“ и „Топанско поле“.

Животна средина

Османи вети урбанизација на Чаир со повеќе зелени површини и детски игралишта, како и подземен паркинг на улицата „Методија Митевски“ со три ката и зелена површина над него.

Меџити, пак, најави реконструкција на паркот „Чаир“, воведување подземни контејнери и системи за селекција на отпад, како и инсталација на фотоволтаични системи и поддршка за јавното претпријатие „Старо Скопје“.

Јавни услуги

Во областа на комуналните услуги, Османи предвидува паметен систем за јавно осветлување, субвенции за енергетска ефикасност и ново јавно претпријатие за управување со чистотата, осветлувањето и културното наследство во Старата Чаршија.

Меџити вети подобрување на осветлувањето и електричната инфраструктура во населбите, како и изградба на јавни тоалети во Чаршијата.

Образование

Османи најавува комплетна реконструкција на училишта, изградба на спортски сали, лаборатории STEM, дигитални табли во секоја училница и центар за психо-социјална поддршка.

Меџити, пак, планира изградба на нова основна школа, неколку градинки и проширување на капацитетите на училиштето „Хасан Приштина“, како и подобрување на безбедноста во училишните дворови.

Транспарентност и отчетност

Програмата на Османи вклучува дигитална платформа за транспарентност, јавен пристап до буџетот и трошоците на општината, како и користење на вештачка интелигенција за мониторинг на јавните набавки.

Меџити предвидува целосна дигитализација на услугите, анкети и граѓанска платформа за предлози и поплаки, како и редовно објавување извештаи за работата на општината.

Култура, спорт и социјална политика

Османи најавува изградба на мултифункционален културен центар, поддршка за пензионери и младински програми, како и грантови за стартап компании и програми за млади.

Меџити планира фестивали на традицијата и младите таленти, изградба на спортски сали и игралишта, како и создавање на центар за младинско претприемништво и инкубатор за стартапи.

Овие се осмите локални избори од независноста на земјата. Првиот изборен круг ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември. Кампањата за првиот круг започна на 29 септември и ќе трае до 17 октомври, додека за вториот круг ќе продолжи до 31 октомври.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бујар ОсманиВЛЕНДУИИзет МеџитиЛокални избори 2025
Next Post

„Летај Галебе“ - промоција на монографија за Кире Костов

НАЈНОВО

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025
Фото скриншот

Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

October 14, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk