Денес во 21,00 часот, експерти од Универзитетската клинка за психијатрија во живо ќе дискутираат и ќе даваат совети и мислења за начини за справување со стресот и прилагодување на новонастанатата ситуација.
„Следете „Прашања и одговори: Како психолошки да го победиме корона вирусот“ во живо од 21:00 часот.
Со Иво Куновски, психолог и Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, двајцата од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, разговараме за начини на прифаќање и прилагодување на оваа ситуација. Како полесно да се справиме со стресот и да го видиме нашиот придонес во заедничката борба за сето ова побрзо да заврши.
Почитувањето на мерките и препораките нѐ носат само чекор поблиску до победа. Моменталната промена на нашите животи е влог во нашето здравје, утре!“ – пишува во најавата на официјалниот профил на Владата на Република Северна Македонија.