ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025 23:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања  рече дека малата излезност во Сарај и Чаир не значи дека нивниот коалициски партнер ВРЕДИ ги бојкотира и оти тоа веројатно било одлука на гласачите.

– Не мислам дека нашиот коалициски партнер не бојкотира. Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту, пак, може да ги испорача директно од џеб. Тоа коешто го видовме помеѓу двата круга од нашиот коалициски партнер во Скопје, од водството на нашиот коалициски партнер, е една чесна заложба за Орце Ѓоргиевски како кандидат тогашен, а сега веќе градоначалник на Градот Скопје. Факт е дека гласачите коишто гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски. Претпоставувам тоа била таква одлука на гласачите, и тоа е што е, рече Мицкоски.

Тој негираше дека тоа ќе се одрази врз функционирањето на коалицијата.

На новинарско прашање дали веќе од утре ќе се збијат редовите со коалициските партнери со цел да се испорачаат резултати, Мицкоски одговори дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасна порака од народот дека по тој правец се гради иднината.

– Победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и вредностите што таа ги претстави пред граѓаните, за кои се залага и за коишто работи, е јасна и недвосмислена порака од народот дека само по тој правец се гради иднината. И тоа го потврдија гласовите и во Брвеница и во Кичево, но и во другите општини мултиетнички. И тука ние немаме никаква дилема. Тоа го потврдија и најголемиот дел од кандидатите за градоначалници, сега веќе градоначалници од нашите коалициски партнери во Владата и коалицијата ВРЕДИ, но и политичката партија ЗНАМ, рече Мицкоски.

Тој порача дека тие кои не застанале зад тие вредности, ќе бидат разрешени од позициите во Владата.

– Тие коишто не застанаа позади тие вредности, како што беше оној кандидат во Брвеница, се поразени. И сега ќе бидат разрешени од таа позиција што ја имаат во Владата. Жалам што се обидоа во една мултиетничка земја да играат на таа кревка карта. И жалам што ме доведоа во ситуација да мора пред многумина од меѓународната заедница да објаснувам како е тоа можно луѓе коишто се дел од оваа владина коалиција да водат таква една безочна кампања. Затоа се тие поразени и ќе бидат испратени во минатото и нека останат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние продолжуваме да работиме за нашата заедничка мултиетничка Македонија, Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците. И да, секој оној којшто работи спротивно од овие принципи, ќе му се заблагодариме од Владата, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека вечерва ќе ја слави победата во Брвеница и во Кичево заедно со граѓаните, а утре рано наутро ќе патува за Брисел.

Tags: ВЛЕНМицкоскиОрце Ѓорѓиевски
Next Post

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk