Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар.
-Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓоргиевски на фејсбук.
Акцијата „72 часа чисто Скопје“ што спектакуларно ја започна Ѓорѓиевски заедно со премиерот Мицкоски и градоначалниците на скопските оштинија почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што изјави Ѓорѓиевски, акцијата би требало да заврши вечерва.
Се празнат контејнерите од ѓубре, со механизација и рачно се чистат коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот.

Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, Противпожарна Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.
Прочитајте и…
„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски





