ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

November 12, 2025 13:13
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Европските разузнавачки извештаи и регионалните аналитичари предупредуваат: Москва регрутира криминалци преку „Телеграм“ за саботажа, дезинформации и политичка дестабилизација. Северна Македонија, Косово и Албанија се меѓу најранливите точки на мапата.

Пишува: Дестан ЈОНУЗИ

Русија развива нова форма на хибридна војна во Европа — овојпат преку криминални мрежи, нелегални канали за трговија и пропагандни центри координирани преку социјалната мрежа „Телеграм“. Целта, според европските безбедносни институции и истражувачките центри, е дестабилизација, саботажа и одмазда кон Европската Унија за нејзината поддршка на Украина.

Според заедничката студија на GLOBSEC и Меѓународниот центар за борба против тероризмот (ICCT), Москва создала мрежа на агенти и криминалци со руско говорно подрачје, кои се користат за операции на европско тло – од саботажи на инфраструктура до ширење на дезинформации и влијание врз јавноста.

Истражувањето укажува дека „хибридните операции не се споредна активност, туку столб на руската стратегија“, а нивниот модел е споредлив со методите на Исламската држава, која во минатото регрутирала криминалци во Европа.

– Овој пат не станува збор за терористичка организација, туку за држава што го води регрутирањето и операциите, наведуваат авторите на студијата.

Саботажи и криминални врски низ Европа

Од јануари 2022 до јули 2025 година, регистрирани се над 110 обиди за саботажа и напади поврзани со руските служби во Европа – најмногу во Полска и Франција. Од нив, 89 биле успешни, а 21 бил спречен навреме.

Истражувачите идентификувале 131 лице поврзано со вакви активности, од кои најмалку 35 имале претходни кривични пресуди и биле регрутирани во затвори или преку криминални групи.

Контактите најчесто се воспоставуваат преку „Телеграм“, а мотивот е главно финансиски – од неколку евра за делење про-руски летоци до големи суми за саботажи на критична инфраструктура.

Џабир Дерала

Џабир Дерала: Македонија е веќе „освоена“ преку наративи и молк

Основачот и претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, во изјава за „Фронтлајн“ предупредува дека Северна Македонија, Косово и Албанија не се имуни на хибридните закани, но нивната отпорност зависи од политичката волја и стратегиската јасност.

„Северна Македонија, Косово и Албанија не се имуни – тие се ранливи поради занемарување. Разликата е во политичката волја и стратегиската јасност. Во Косово и Албанија барем постои свест за заканата, придружена со јасно усогласување со евроатлантската заедница. Во Северна Македонија, пак, проблемот се состои во континуирано негирање што се крие зад плаштот на дипломатијата,“ изјави Дерала.

Тој посочува дека македонските политички елити избрале молк и декларативна поддршка за Украина, без конкретни чекори за реална помош, додека државните институции не спроведуваат вистинска стратегија против дезинформациите и руските мрежи на влијание.

„Нема вистинска стратегија, нема систематски мониторинг, освен оној на ЦИВИЛ и неколку други, малку на број. Исто така, не се јакне институционалниот капацитет, а нема ниту јавна едукација за спротивставување на дезинформации и инфилтрации,“ нагласува тој.

Дерала предупредува дека „неутралноста“ што ја прокламираат властите всушност претставува форма на неактивност, која им овозможува на руските структури „тивко да ја освојат земјата“.

– Причината поради која не гледаме отворени саботажи или драматични инциденти не е затоа што Северна Македонија е безбедна – туку затоа што е веќе, на многу различни начини, освоена. Москва нема потреба да напаѓа кога нејзините наративи, интереси и влијанија веќе одамна слободно циркулираат под радарот, додека властите се преправаат дека не гледаат. Москва нема потреба да испраќа саботери кога нејзините наративи и прокси структури веќе функционираат слободно. Молкот и негирањето се основната државна политика, што остава можности за широко и отворено спроведување на операциите за злонамерно влијание. Тоа ќе има далекусежни и тешки последици, но тие што имаат моќ на одлучување – не реагираат, предупредува Џабир Дерала.

Дризан Шала

Дризан Шала: Русија го претвора криминалот во геополитичко оружје

Косовскиот аналитичар и експерт за безбедност, Дризан Шала, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека Русија гради нова стратегија на влијание во Европа, користејќи криминални структури како инструмент на хибридна војна.

– Русија развива нова стратегија на влијание во Европа, користејќи криминални мрежи како инструмент на хибридната војна. Таа веќе не испраќа класични разузнавачи или воени сили, туку активира поединци и групи вклучени во криминал, шверц или меѓународен трафик, кои се регрутираат преку платформи како Telegram за цели на саботажа, дезинформации и политичка дестабилизација, изјави Шала.

Тој предупредува дека Балканот е особено чувствителен регион и директна цел на Москва, која ги користи локалните мрежи и институционалните слабости.

– Во овој контекст, Балканот е чувствително подрачје и е директна цел на Москва. Косово останува најизложено поради српските криминални мрежи и директното влијание на руските служби на северот, кои може да се искористат за оркестрирани инциденти,“ посочи Шала. Овој феномен треба да се гледа како предупредувачки сигнал за регионот. Русија бара да го прошири конфликтот со Западот преку невидливи форми на војување — претворајќи го криминалот во нова геополитичка оружје. Балканот, со своите длабоки поделби и институционални слабости, е погоден терен за такви операции, нагласи Шала.

Милутин Миша Илиќ

Милутин Миша Илиќ: Европската Унија прави стратешка грешка во односите со Русија

Српскиот независен новинар и аналитичар Милутин Миша Илиќ смета дека Европската Унија со своите политики го ескалира конфликтот со Русија, наместо да го локализира.

„Европската Унија го ескалира конфликтот со Русија на територијата на Украина, што мислам дека е голема грешка во стратегијата. Би било многу попаметно ЕУ да ги зајакне своите одбранбени сили на сегашните граници, до ниво што би било доволно за одвраќање на секој потенцијален напад,“ изјави Илиќ за Фронтлајн.

Тој предупредува дека Србија, Северна Македонија и Албанија се под влијание на големите геополитички сили и дека руските активности често се реализираат преку локални криминални структури кои се претставуваат како „патриоти“.

– Вообичаена практика е да се ангажираат криминалци кои лажно се декларираат како патриоти за ‘валкани работи’ и се подготвени за секоја форма на предавство или соработка поради лични интереси. Ова го видовме во сите војни на Балканот,“ посочи тој. Без оглед на притисоците, мудрите луѓе можат да кажат НЕ — и на НАТО, и на Русите, и на ЕУ, заклучи Илиќ.

Криминалот како државна алатка

Според Доминика Хајду од GLOBSEC, користењето криминалци од страна на руските власти не е нов феномен. Таа потсетува дека уште од советскиот период, сивата економија и корупцијата се дел од државниот апарат, а денес тие структури се интегрирани во владејачкиот систем.

– Нелегалните парични текови, криминалот и хибридните операции не се одвоени, туку делови од ист план, предупредуваат истражувачите, нагласувајќи дека овие активности претставуваат и одмазда кон ЕУ за поддршката на Украина, но и подготовка за потенцијално поголем конфликт.

Реакција на ЕУ

Полскиот европратеник Бартломјеј Сјенкевич од Европската народна партија (ЕПП) нагласува дека Европската Унија мора да изгради механизми за контрола на онлајн-платформите и координиран одговор на хибридните закани.

„Проблемот е како да реагираме. Никој не ги соборува дроновите што ги парализираа аеродромите. Сакаме да се бориме со регрутите, но активностите на ‘Телеграм’ сè уште не се забранети, иако ЕУ мора да ги контролира ваквите платформи,“ изјави Сјенкевич за DW.

Истражувачите препорачуваат подобро следење на онлајн каналите, проширување на дефиницијата за „хибридни закани“ и создавање европска координациска платформа за превенција на руските операции.

Балканот на линијата на тивок фронт

Хибридните закани што Москва ги проектира кон Европа ја вклучуваат и јужната линија – Балканот, каде комбинацијата од корупција, медиумски манипулации и криминални структури создава идеални услови за „тивко освојување“. Како што предупредуваат регионалните аналитичари, молчењето и политичката индиферентност се најопасните сојузници на руското влијание.

Tags: Дризан ШалаЕУМилутин Миша Илиќрегионруски агресортелеграмУкраинаЏабир Дерала
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп го повика израелскиот претседател да го помилува премиерот Нетанјаху

НАЈНОВО

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk