ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

November 13, 2025 11:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Објавено од СДСМ

Фото: Објавено од СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта. Повеќе од јасно е дека овој скандал не е изолиран случај, туку само ја потврдува системската корупција која ДПМНЕ ја воспоставило во агенцијата. Тоа не е изненадување, историјата не учи дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секој скандал или злоупотреба е со амин на раководство на партијата, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Еве како се поврзани сите во скандалот од власта за што мора итно да има проширување на истрагата.

Имено, Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе.

Она што е интересно е дека Стоилев е близок пријател на Игор Миќев викан Панкерот кој пак е во кумска односно кумашинска врска со премиерот Христијан Мицкоски.

Од информациите кои ги добиваме од свиркачи, вработени во Министерството за земјоделие, токму Панкерот, кумот на Христијан Мицкоски, се однесувал деспотски во министерството вршејќи притисоци врз вработените за распределба на средства за субвенции и концесии.

Од она што е доставено до нас од овие свиркачи токму кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми и притисоци во министерството.

Затоа, според истите информации и тој требало да биде опфатен со истргата.

За ситуацијата да биде уште посериозна, кумата на Мицкоски и сопруга на Панкерот е вработена во Агенцијата за финансиска поддршка од каде според информациите кои се доставени до нас, без нејзино одобрение не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД програмите.

Денес Христијан Мицкоски директно треба да одгвори.

Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ?

СДСМ објавуваше изминатата година дека во во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина.

Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата?

Понатаму, дали и колку пари од субвенции се испрани или е побарано мито за да бидат исплатени?

Дали кумот на Мицкоски бил човекот кој вршел рекет врз земјоделците преку негови луѓе во Агенцијјата за финансиска поддршка?

Бараме истрагата за овој случај одма да биде проширена од страна на обвинителството. Бараме да се истражат сите други злоупотреби кои се случувале во агенцијата и во сектор земјоделие за кои укажувавме дека е едно од најкорумпираните сектори откако ДПМНЕ дојде на власт.

Во целиов скандал јасно е само дека земјоделците кои што инвестирале се најголемите жртви на партиските криминални шеми за ИПАРД 3“, истакна Кузеска.

Tags: ИПАРДМицкоскиСДСМ
Next Post

Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

Најново

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk