Премиерот Зоран Заев е во Брисел во последен обид да издејствува добивање на долгоочекуваниот и заслужен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тој одржа заедничка прес конференција со еврокомесарот Јоханес Хан. Заев на Твитер напиша:
Во јуни и јули од Брисел ни стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати за старт на преговори за членство во ЕУ. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел по очекуваната и заслужена вест – одлука да почнеме преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Во јуни и јули од Брисел ни стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати за старт на преговори за членство во ЕУ. Еве го октомври. Дојдовме во Брисел по очекуваната и заслужена вест – одлука да почнеме преговори за членство на 🇲🇰 во 🇪🇺. pic.twitter.com/bwnVH0tvCH
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 16, 2019