Гвинет Палтроу и денес не крие дека има посебни емоции кон филмот Good Will Hunting, оскаровската драма што ја напишаа и во која глумеа нејзините поранешни партнери Бен Афлек и Мет Дејмон. Во неодамнешно гостување во подкастот Good Hang, Палтроу ѝ откри на водителката Amy Poehler колку тој филм ѝ значи.
„Го обожавам тој филм. Совршен е. Навистина многу го сакам“, изјави Палтроу. Иако уште во 1991 година соработувала со Робин Вилијамс во филмот Hook, таа вели дека вистинско пријателство со него изградила дури кога Афлек и Дејмон го ангажирале за нивниот филм од 1998 година.
„Со Робин се запознав подобро дури кога излезе ‘Good Will Hunting’, бидејќи тогаш бев во врска со еден од авторите и актерите во филмот“, раскажа Палтроу, потсетувајќи дека Вилијамс почина во 2014 година.
Палтроу и Афлек започнале врска во 1997 година, по нејзиното раскинување со Бред Пит. Нивната врска, со прекини, траела до 2000 година. Во една подоцнежна изјава, таа откри дека секој од нејзините поранешни партнери ѝ понудил различно искуство во интимниот живот.
„Со Бред тогаш имаше голема хемија, љубов на животот“, се пошегува Палтроу во подкастот Call Her Daddy во 2023 година. „А Бен беше технички одличен.“
А каде во оваа приказна се вклопува нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин, со кого ги има 21-годишната ќерка Епл и 19-годишниот син Моузес? Во играта „Fuck, marry, kill“, Палтроу изјави дека „секако“ би се омажила за фронтменот на Coldplay, доколку мора да избере меѓу тројцата.
„Тој ми ги даде моите две деца – љубовите на мојот живот“, објасни таа. „Затоа, без двоумење би го направила истото повторно.“ Палтроу и Мартин го финализираа разводот во 2016 година, а две години подоцна таа се омажи за Brad Falchuk.
Кога станува збор за изборот меѓу Афлек и Пит, Палтроу без многу размислување го одбра Пит за опцијата „fuck“, а за Афлек со насмевка додаде: „Бог да го благослови.“







