ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата демантира дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

February 19, 2026 12:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

– Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството, известуваат со соопштение од Владата на Северна Македонија.

„Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери“, се нагласува во владиното соопштение.

Претходно опозициската партија СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски за, како што велат, неодговорно и контрадикторно однесување во врска со користењето на владиниот авион, откако тој изјави дека се плаши за својот живот кога лета со државниот воздухоплов.

Во соопштението, СДСМ наведува дека изјавата на премиерот отвора сериозни прашања за неговото однесување, особено во контекст на наводното користење на авионот за приватен одмор.

„Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата обвинува дека со користењето на владиниот авион за приватни цели, премиерот не само што злоупотребил државни ресурси, туку и покажал неодговорен однос кон безбедноста.

„Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Наместо тоа, граѓаните го плаќаат овој авион“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека ваквите изјави и постапки отвораат пошироки дилеми за одговорноста на премиерот и неговиот однос кон јавните ресурси и институциите.

„Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, прашуваат од партијата.

Мицкоски најави повлекување од набавката на нов владин авион, СДСМ бара објаснување за „семејните патувања“

Премиерот Мицкоски претходно изјави дека користењето на владиниот авион го прави со чувство на ризик и дека се надева на безбедност при секој лет, што предизвика политички реакции и критики од опозицијата, што резултираше Мицкоски да најави дека нема да има набавка на владин авион.

Ј. Ѓ.

Tags: владин авионМицкоскиСДСМ
Next Post

Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk