ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И по 4 години од почетокот на руската агресија врз Украина, дел од македонските медиуми не престануваат да шират руска пропаганда

February 27, 2026 13:33
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

За жал, и по 4 години од почетокот на руската агресија, со некритичкото пренесување на изјавите на Путин и други високи руски функционери, во дел од македонските медиуми не престануваат да се шират руските пропагандни наративи.

Непосредно пред 24 февруари, денот кога се одбележуваат 4 години од неиспровоцираната руска агресија врз Украина, дел од македонските медиуми решија дека е побитно да се одбележи 23 февруари, рускиот Ден на „бранителите на татковината“, споделувајќи ја честитката на претседателот на државата агресор, рускиот диктатор Владимир Путин, кој во видео обраќање им го честиташе „големиот ден“ на припадниците на окупаторската армија. Армија на убијци, ограбувачи, силувачи, киднапери и воени злосторници.

Се чини дека некои од нив како да не можат да прифатат дека 4 години Украинците успешно се борат со руските агресори, и, како да живеат во некоја паралелна реалност, се уште веруваат во изјавите на Путин дека краткотрајната воена интервенција траела 3 дена, и дека „втората армија на светот“ го заземала Кијив за 48 до 72 часа.

Истовремено, неколку македонски медиуми, меѓу кои и телевизии со национална фреквенција ја пласираат честитката на Путин, со наслово како: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили, или слични наслови – Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет, додека некои, сакајќи да се истакнат, отидоа и малку подалеку со  наслови полни со восхит,како: МОЌНА ПОРАКА ОД КРЕМЉ: „ЌЕ ДЕЈСТВУВАМЕ И ВО НАЈТЕШКИ УСЛОВИ“ – ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? и  НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, „АПСОЛУТЕН ПРИОРИТЕТ“ ЗА ПУТИН Најави зголемување на борбениот потенцијал на Русија, со цел дополнително да и дадат на тежина на изјавата рускиот диктатор.

Предводник на ваквото некритичко пренесување на путиновата изјава како дел од руските пропагандни наративи, овој пат не е никој друг, туку токму државната информативна агенција МИА, која со наслов – Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили и поднаслов – Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин, го трасира патот на уште еден пробив на руслата пропаганда во македонскиот медиумски простор.

Очигледно, за дел од македонските медиуми, изјавите на Путин се како божја заповед, и истите некритички се пренесувани на страните на овие медиуми, занемарувајќи го фактот што сите досегашни изјави на Путин на крајот излезува дека се невистинити, и само пуста желба на рускиот претседател и за ограничена локална употреба, како што беше таа дека Кијив ќе биде освоен за 3 дена, додека војната е во својата 4 година, и не само што не е освоен главниот град на Украина, туку и помногубројната руска  армија не може да оствари позначителни успеси ниту на другите линии на фронтот, истовремено соочувајќи се со енормни загуби во луѓе и техника. Или кога Путин тврдеше дека украинските сили се „опкружени“ во Купјанск и покани новинари да го видат тоа – но таму се појави токму украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавувајќи видео од неговото присуство таму со кое го демнтираше Путин, додека украинските сили спроведуваа успешна контраофанзива во градот.

Во исто време, овие медиуми некритички ја пренесува тирадата на Путин дека „Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили„ – иако на терен се соочува со огромни загуби кои се чини дека не може да ги пополни од домашни извори, па „увезува“ севернокорејски и војници од Африка, додека истовремено, вршејќи ракетен терор врз мирните украински градови и критичната цивилна инфраструктура, оставајќи го цивилното население без греење, струја, вода на минусни температури. користи муниција и дронови од Северна Кореја и Иран,

Понатаму, се нагласува и делот од изјавата на Путин дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истата онаа морнарица која загуби значаен дел од своите поморски сили, меѓу кои и , и беше приморана да ја повлече својата флота на сигурна далечина, стравувајќи од нападите на земјата која всушност и нема морнарица, и секако, не ги заборавија и омилените закани со нуклеарно оружје.

По повод четвртата годишнина од целосната воена инвазија на Русија врз Украина, но и како дел од тековните напори за борба против руските дезинформации, манипулации и малигна пропаганда, ЦИВИЛ – Центар за слобода свика меѓународна онлајн конференција насловена како „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Собирајќи ги креаторите на политики, дипломатите, новинарите, аналитичари и лидерите на граѓанското општество од цела Европа и пошироко, конференцијата испрати јасна и итна порака: ова не е момент за комеморација, туку за одговорност.


Оваа анализа ја подготви Драган Мишев, во соработка со Тимот за следење на хибридни закани на ЦИВИЛ (ЦХТМ), потпирајќи се на континуираното следење на дезинформациите, пропагандата и хибридните закани од страна на ЦИВИЛ. Текстот е развиен со истражувачка, аналитичка и уредничка поддршка од алатки за вештачка интелигенција (OpenAI / ChatGPT). Придружната илустрација е генерирана со користење на алатки за вештачка интелигенција врз основа на уредничките насоки дадени од авторите. Одговорноста за целата содржина, толкувања и заклучоци е исклучиво на авторите.

© ЦИВИЛ – Центар за слобода, 2026.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Зошто добронамерната критика умира, а молкот победувa

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk