ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Дескоска: „Шангајска или Шиндлерова листа?“ – не е виновен ЗВО од 2018, туку неговата непримена

March 1, 2026 07:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната министерка за образование и професорка на Правниот факултет, Рената Дескоска, преку објава на социјалните мрежи реагираше на актуелната расправа за новиот Закон за високо образование (ЗВО), отфрлајќи ги тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека ЗВО од 2018 година е виновен што ниту еден македонски универзитет не се наоѓа меѓу првите 1000 на Шангајската листа.

Во објавата со наслов „#ЗВО – #Шангајска или #Шиндлерова листа?!“, Дескоска наведува дека ниту еден универзитет од земјава „никогаш не бил на Шангајската листа“, ниту во времето на Законот од 2018 година, ниту во времето на претходниот закон кој како услов за напредување предвидувал објавување во списанија индексирани во Web of Science.

„Вистината е малку поинаква: Ниеден универзитет во Македонија до сега никогаш не бил на Шангајската листа, ни во времето на ‘Законот на Рената Дескоска’, ни во времето на ‘Законот на Нино Тодоров’“, пишува Дескоска.

Стимули наспроти принуда

Таа посочува дека ЗВО од 2018 година применувал стимулативен пристап, со финансиска компензација за објавување во престижни списанија, додека претходните и актуелните предлози се темелат на принцип на принуда.

„ЗВО од 2018 го применува методот на стимулирање на објавување во престижни списанија и предвидува два вида на финансиска компензација за тоа“, наведува Дескоска.

Според неа, новиот предлог-закон предвидува „тешки, а во некои области и неостварливи услови“ за избор во звање, вклучително и одредена висина на h-индекс.

„Се пропишува услов кој не зависи од кандидатот, туку од тоа колку ќе ве цитираат“, истакнува таа, додавајќи дека условите треба да бидат такви што кандидатот може самостојно да ги исполни.

„Полесно е да се смени законот, отколку да се спроведе“

Дескоска оценува дека проблемот не е во законските решенија, туку во нивната непримена.

„И тука доаѓаме до најлесното правило за однесување во Македонија: полесно е да го смените законот, отколку да го спроведете“, пишува таа.

Според неа, со зголемување на условите ќе се создаде простор за селективна примена: „За оние на кои власта им е благонаклонета, ќе се замижи ако не ги исполнуваат условите, а на другите ‘ќе им се покаже вратата’.“

Обвинувања за непотизам и централизација

Во објавата Дескоска предупредува дека во предлогот има одредби кои, според неа, отвораат простор за непотизам, преземање кадар меѓу универзитети без вистинска конкуренција, продолжување на мандатите на ректорите и деканите, како и централизација и упад во автономијата на универзитетите.

Таа ја критикува и, како што наведува, нетранспарентноста во подготовката на новиот закон.

„Она што е најсимптоматично е што министерката Весна Јаневска го крие тимот кој го пишувал законот“, наведува Дескоска.

За разлика од тоа, посочува дека работната група што го подготвувала ЗВО од 2018 година била јавно објавена и процесот бил „долготраен и инклузивен“, со учество на универзитети, професорски и студентски пленум и синдикати.

„Затоа и овој пат се оди по полесниот пат: да го смениме законот, а не да го примениме“, заклучува Дескоска во својата објава.

Ј. Ѓ.

Tags: ДескоскаЗакон за високо образование
Next Post
Скриншот

Иран потврди дека врховниот лидер Али Хамнеи е мртов по заедничкиот напад на САД и Израел

Shortcut

Најново

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk