ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков

March 11, 2026 13:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) поднесе кривична пријава против Зоран Љутков, министер за култура и туризам, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „повреда на правата од работен однос“, соопштија денеска претставници на синдикатот пред Основното јавно обвинителство.

Од СКРМ информираат дека кривичната пријава е поднесена по член 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службена положба и по член 166 во врска со член 45 за повреда на правата од работен однос.

„Оваа кривична пријава ја поднесуваме со жалење, не затоа што се сомневаме во нејзината оправданост, туку затоа што станува збор за човек кој до неодамна беше и еден од нас – колега, член на Синдикатот и соучесник во борбата за правата на културните работници“, соопштија од синдикатот.

Спор околу упатство од министерството

Од СКРМ тврдат дека министерот испратил насоки по електронска пошта и потпишал упатство со кое, според нив, се обидел да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори.

„Упатство или меил не е закон и министер не е над закон“, наведуваат од синдикатот.

Синдикатот поднел и иницијатива до Уставниот суд со која бара упатството да биде ставено вон сила поради, како што велат, неуставност.

Над 800 тужби од вработени во културата

Според синдикатот, како последица на спорот веќе се покренати повеќе од 800 тужби од вработени во културата против институциите и државата.

Од СКРМ посочуваат дека досега има над 50 судски пресуди, од кои осум се правосилни.

„Вработените во културата имаат осум правосилни судски пресуди кои мора да се почитуваат и спроведуваат“, наведуваат од синдикатот.

Кривични пријави и за директори на институции

Синдикатот најави дека ќе поднесе кривични пријави и против директори на културни институции поради, како што велат, постапување по незаконски насоки.

„Директорите беа претходно писмено предупредени дека доколку постапат по незаконските налози и ги прекршат правата на вработените, ќе следуваат кривични пријави“, соопштија од СКРМ.

Можно и меѓународно отворање на случајот

Од синдикатот најавуваат дека случајот може да биде отворен и пред Меѓународна организација на трудот, каде, според нив, веќе постои интерес за состојбата со работничките права во културата.

„Доколку институциите во државата продолжат да молчат и да не постапуваат, овој случај ќе биде отворен и на меѓународно ниво“, велат од СКРМ.

СКРМ го повика министерот на јавна дебата

Од Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) реагираа и на најавата за прес-конференција на министерот Зоран Љутков, наведувајќи дека таквиот чекор е очекуван во ситуација кога, како што велат, тој е лично засегнат од кривичната пријава.

„Очекувано е директорите кои тој ги назначува да застанат зад него – особено ако се знае дека нивните права ниту се доведени во прашање, ниту нарушени. Но едно е сигурно: зад него нема да ги видите вработените во културата“, наведуваат од синдикатот.

Од СКРМ додаваат дека ситуацијата, според нив, е „кристално јасна“ и го повикуваат министерот на јавна дебата.

„Ако министерот е сигурен во своите одлуки – нека дојде на дебата. Кога аргументите се силни, се оди на дебата – кога се слаби, се оди на контра-прес“, соопштија од синдикатот.

Тие оценуваат дека наместо социјален дијалог, комуникацијата меѓу синдикатот и Министерството се води преку адвокати, судови и прес-конференции.

„Наместо да ги решаваме работите преку социјален дијалог, повеќе комуницираме преку адвокати, судови и контрапресови, наместо во Министерството за култура каде што ни е местото за заедничка работа и соработка“, велат од СКРМ.

„Вистината се брани лице во лице“, додаваат од синдикатот.

Ј. Ѓ.

Tags: кривична пријаваЉутковСКРМ
Next Post
Фото: Влада

Владата ќе организира меѓународна конференција за трагедијата во Кочани, најави Марија Митева

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk