ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
    Анаис. Мотив, Битола, чаршија

    Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    Папата Лав XIV (Official State Department photo by Freddie Everett)

    Папата Лав XIV, енциклика со фокус на вештачката интелигенција: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Свлечиште во Центар во Скопје затрупа багер на градилиште

    (ВИДЕО) Емотивна музичка посвета за Прилеп: Промовирана „Серенада за Прилеп“ од Блага, Дац и Александар

    Нилс Окланд. Фото: ОФФест

    Скандинавска мистика на ОФФест: Норвешките виртуози Нилс Окланд и Сигбјорн Апеланд доаѓаат во Скопје

    Генерирано со ВИ

    Што содржи предложениот договор кој би можел да го прекине конфликтот меѓу САД и Иран?

    Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Трамвај излета од шините во центарот на Белград и удри во зграда: Повредени се 14 лица, меѓу нив и две деца

    Ивановски: Делницата од Зелениково до Железничка станица Скопје ќе биде во функција од септември

    Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото

    Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

    Дневен хороскоп со Анаис за 25 мај 2026: Колективен баланс и компромисни решенија

    Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

    Заврши Фестивалот „Пеце Атанасовски“: Гран при за „Седенка од Скопје, а најдобар гајдаџија е Дејан Лазаров од Кочанско

    СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

    Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

    Постои еден човек кој може да го смени светот – учител се вика

    (ФОТО и ВИДЕО) По децении запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, се подготвува проект за целосна реконструкција

    (ВИДЕО) Живот без смартфон и имејл, Одисеја во ИМАКС: Ексклузивно интервју на Кристофер Нолан за „60 Minutes“

    Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

    Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

    Белград, протести. Фото: Скриншот

    Големи протести во Србија, студентите бараат предвремени избори

  • ПОЛИТИКА

    Фото: Кабинет на Претседател

    Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    СДСМ до Орце Ѓорѓиевски: Денот на Европа го одбележува со 15 дена задоцнување, страв ни е елката да не ја кити за Велигден

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    (ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

  • ОПШТЕСТВО

    Фото: МИА

    24 Мај – Денот кога словото стана идентитет

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

  • СВЕТ

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Западноафриканска магија на ОФФест: Виртуозното трио „Guitari Baro“ доаѓа во Скопје

    Скршеното огледало на апсурдот, носорозите меѓу нас

    Настан во Прилеп во чест на Дарко Дамески: 55 години од „Златната арена“ за „Црно семе“

    Почнува 52-то издание на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени

  • СПОРТ

    (ВИДЕО) Усик едвај избегна сензационален пораз од поранешниот кикбоксер Рико Верхувен

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    Илустрација Фронтлајн

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

Home ФРОНТ

Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

April 18, 2026 11:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Илустрација Фронтлајн

Илустрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Тина ИВАНОВА

Бев во казино…

Бев во казино. Не во едно, бев во неколку. Се накотија овде кај мене во маало. Во радиус од километар-два ги има триесетина, ако не и повеќе, различни. Ме копкаше што е тоа толку фасцинантно што во градот се шири како епидемија, како маргаритки во пролет. За на крајот да сфатам дека, всушност, тоа и е епидемија. Компарацијата со она „како“ падна во вода. Сфатив, сега и од лично искуство, посредно, дека оваа појава е една од најраспространетите болести на 21. век во Македонија. Тешка ментална болест.

Се сеќавам дека моето прво „искуство“ со казиното беше кога имав некои 18 години, кога родителите на моја пријателка нè однесоа во „Фламинго“ во Гевгелија. Бевме на некое патување, поминавме оттаму и застанавме да испиеме по еден сок. Ми остави впечаток дека тоа е нешто страно, дека не е за нас, не се пронајдовме. Во сеќавање ми остана само сликата на богати, накитени со златни алки, дотерани во нешто светкаво сино и малку полнички – да не речам дебели – Гркинки. Јас бев далеку од таа класа. Сè уште сум. Многу далеку. Во земјава, повеќето живееме на периферијата на луксузот, не припаѓаме на круговите на изобилството. Оттаму е и контроверзна појавата на коцкарниците.

До овој момент, на мои скоро 50 години, немав влезено во таков амбиент, освен еднаш, сосема случајно, пред неколку години. Ниту сум била во такво опкружување за да ми падне на памет дека постојат казината како можност за „забава“, ниту пак сум имала желба или идеја за таков вид игра во, досега, „забранета зона“. Но, можеби идејата за казино ми била далечна и од спознанието дека коцката е најлошата, најстрашната зависност, па скренала од мојата меморија – сум ѝ направила backup, ама не и permanent delete, очигледно.

Во мојата перцепција тоа било нешто или за многу, ама многу богати луѓе, кои на казиното гледаат единствено како на забава и престиж, на луксуз од кој нема да имаат штета во животот оти парите не им се проблем – нешто што само на филм сум го видела – или за „пропалици“, оние зависници на кои гледаме и ги доживуваме (барем во ова општество) како чума од која треба да се бега, а не да се лечи од срж. Оние што секој ден молат за уште еден освоен денар. Оние на кои казиното им е последната надеж, барем така самите мислат. И оние кои казиното го гледаат како бегство од домот, од реалноста, како лек за анксиозност (несвесно, се разбира), како бегство од самотија, како единствена работа за какво-такво „исполнето“ време од денот.

Има една поговорка: „Не те руши ѓаволот – туку тој те наоѓа кога веќе паѓаш.“ Тука е тој секогаш, маме му е… кога човекот ќе почне да се откажува од лошите патишта, па баш тогаш ќе се појави да му даде energy или confidence boost. Тој најгласно шепоти кога срцето попушта. Има луѓе, и тоа бајаги, со слаби карактери. Луѓе лесно заводливи, луѓе тажни, несреќни, осамени, луѓе кои несвесно влегуваат во вртлогот на манипулацијата.

Искуството во „Мериот“

Во институцијата во која сум вработена, моја задача, меѓу другото, е да се грижам и за гостите од странство. Пред неколку години, еден од нив, преку неговиот менаџер, побара да биде сместен во хотелот „Мериот“, но ние тогаш немавме можност да организираме сместување таму. Нејсе. Често со сите гости се дружиме и вон работа, па знаеме да испиеме по некое кафе или да одиме некаде на ручек за да разговараме за следни ангажмани во порелаксирана атмосфера; треба да се покажеме како добри домаќини и да оставиме убав впечаток.

Гостинот дојде во Скопје и во прва прилика ми рече: „Знаеш, Тина, менаџерот мој побара да преспијам во ‘Мериот’, но, кога веќе немам можност за тоа, те молам да го посетиме тамошното казино. Не сакам да одам сам.“ Во тој момент не ми беше ништо чудно, а и која сум па јас да судам и да ставам било какви етикети. Му кажав дека ќе одиме. Иако напоменав дека јас никогаш не сум влегла во казино, поканив пријатели и сите петмина отидовме, согласувајќи се дека баш ќе биде супер да направиме вечер поразлична од вообичаената. Точно се сеќавам дека тој „фати“ 470 евра, а остави 100. Значи, 370 евра во ќар. Јас не играв, не знаев како и ми беше срам да прашам. Играше мојата пријателка со 1.000 денари, кои ги изгуби на слот-машини. Интересна вечер, за мене нешто ново; солистот нè почасти со по 20 евра, инсистираше, па тој си замина со чисти 270 евра. Мојата пријателка така си ги врати изгубените пари и беше во ќар 200 денари. „Топ!“

И еве ги, дојдоа и кај нас. На секој чекор се. Пред згради, во сите маала, во центар, надвор од град. Насекаде.

Влегување во „Дизниленд“ на порокот

Помина доста време пред да влезам повторно во казино. А зошто, всушност, влегов пак? Читав една колумна за овој феномен на еден странски психолог. Не можам пак да ја најдам колумната, но знам дека во Европа казина има насекаде – во центрите, во туристичките зони, во хотелите, во историските згради. И еве ги, дојдоа и кај нас. На секој чекор се. Пред згради, во сите маала, во центар, надвор од град. Насекаде. Си помислив: ќе напишам некаков текст, зошто да не. Гадно се чувствувам заради себе, заради децата, заради средината во која живееме и како тоа ќе се одрази понатаму. Верувам дека ова чувство кај мене е засилено и од тоа дека сум мајка на деца кои во секој момент можат да „забегаат“.

Се мислев, се предомислував пред да се одлучам да влезам. Имав страв. Од самата себе, дека правам нешто неморално, но и страв од тоа ако ме види некој – што ќе помисли. Не беше обичен страв. Беше мешавина од стигма, осуда и социјална анксиозност, како нечиј поглед да требаше да ме дефинира засекогаш. Но, желбата да напишам текст беше посилна, а и по природа сум љубопитна, па си реков: „Ајде, take it easy, замисли дека си Шерон Стоун во ‘Казино’ или Мишел Фајфер во ‘Скарфејс’, хаха…“

Не е сега смешно. Ич не е. Реалноста не е холивудски филм. Иако и таму има суровост, сепак е само филм.

Сите објекти се со црни стакла, но со светкави реклами. Мириса на парфем на три метри од влезната врата. Парфем за простории, ама од поубавите. Мислиш внатре се крие нешто езотерично, како да се случува балот под маски во палатата Сомертон од „Очи широко затворени“ на Кјубрик. Или како автомобил со затемнети прозорци, па не знаете кого возат на задното седиште – Тито или некој криминалец.

Мечка страв, мене не страв – влегов! Во едно од оние, демек поексклузивните, во центарот на градот. Наеднаш, пред мене – „Алиса во земјата на чудата“! Машини од кои „пукаат“ разнобојни светленца, од кои ве гледаат разни животинки, на кои се вртат овошки и бројки. Од неколку од нив речиси секогаш ечи „Радецки марш“ на Штраус, што е знак за нечија добивка. Кај некои, пак, „Кан-Кан“ на Офенбах. Всушност, магија од евтини звуци, како од пластични играчки на навивање, а боите ве заведуваат да ја откриете мистеријата до крај. Ечат звуци на победа – победа над сите суети, класни разлики, над сите предрасуди; победа над вината и привиден одговор на прашањето: „Зошто сум овде?“

Обучени се да бидат фини со сите. Зашто, ќе дојдеш повторно, нели? На местото на забавата или на местото на злосторството.

Луѓето и амбиентот

А внатре, луѓе секакви – помлади, постари, мажи, жени, чистачи, доктори, адвокати, службеници, селани, интелектуалци, наши, странци… Многу странци, многу туристи: Турци, Шпанци, Италијанци…

„Што ќе се напиете?“ – сите вработени се љубезни, насмеани. Ви носат сè што ќе посакате. Пијалак, апетисани, нешто благо. Бесплатно. Пепелник задолжително. Секако дека пијалакот е бесплатен кога го претплаќате сто пати поскапо, но тоа е веќе познато. Некои, или речиси сите, се веќе пријатели со редовните посетители, па навиваат заедно за некаква добивка. Обучени се да бидат фини со сите. Зашто, ќе дојдеш повторно, нели? На местото на забавата или на местото на злосторството. Единствена добра работа е што, ете, има вработувања.

Столиците се меки, удобни. Можете да седите со часови и притоа нема да ви страда кичмата. Има и USB на секоја машина, па нема да останете без батерија на вашиот телефон. Плус причини да не излезете веднаш од тој Дизниленд. Да пробате од сè по малку, да се „возите“ на сите рингишпили кои се создадени да влијаат на вашиот допамин и адреналин на најподмолен начин, за да ве држат на тенката жица помеѓу страста и среќата и фригидноста и заблудата, сè додека не ве присвојат до степен на помисла на САМОУБИСТВО.

Апаратите се како мали куќички во кои навидум има сè. Вие и апаратот – сами, еден наспроти друг, во тивка комуникација. Мозокот вежба математика и психологија. Понекогаш се редат и молитви, иако сите религии казиното строго го забрануваат и го сметаат за еден од најголемите гревови. Но, молитвите во тие моменти доаѓаат ирационално. Има и караница, агресија. Очекувано. Како и во сите „партнерски“ релации.

На секоја добивка се слуша звук како да ве крунисале. И вие станувате победник кој, секако, ќе сака уште медали, зашто, нели, таква е човечката природа – алчна. Има уште звуци на триумф што ви го матат умот, а вие плескате во ритамот на златните парички што се тркалаат и ве „маваат“ во лице – бајковит филм во кој се чека да дојде полноќ. Парите доаѓаат денар по денар, а тој хероински вртлог од симболи шепоти молитва за плус награда.

Заборавате на семејството, на обврските, на децата, на пријателите. Таму нема чувство ниту за простор, ниту за време. Нема ниту часовници. Нема прозорци.

Крајот на илузијата

Времето минува неосетно. Заборавате на семејството, на обврските, на децата, на пријателите. Таму нема чувство ниту за простор, ниту за време. Нема ниту часовници. Нема прозорци. Денарите (еврата) се намалуваат, мислата станува јадна. Уште малку. Можеби ќе имам среќа. Денарите исчезнуваат. Го снемува звукот на триумф. Дури и мизерните исчекувања на вештачката радост се закопуваат. Апаратот вели: 0 денари.

Раката што го стиска копчето на надежта во хипнотичен бит почнува да трне. Некој пцуе. Еден од спроти го плукна екранот. Еден друг си зборува сам со себе. Еден рече: „Денеска изгубив 10.000 денари, ама добро е, вратив пет.“ Ги потроши и тие пет за помалку од две минути. Не сакаш повеќе ништо да пиеш. Заминуваш со уште поголем срам од оној што си го имал кога си влегол. Срам и вина. Чувство на пропаст. Излегуваш конечно од „катакомбите“ на „фараонот“. Не свири повеќе „Кан-Кан“, ниту свечениот „Радецки“. А оние тонови кои создаваат чувство на напнатост пред да се случи завршниот звук на победа во одредена игра, застануваат како недовршена музичка фраза. Неразрешена каденца или суспензија која создава бес. И ти заминуваш во блед fade-out. Тотално руиниран. Но си велиш: „Ќе дојдам и утре. Има надеж. Ќе ги вратам изгубените пари.“ И така почнува голготата од која, за многумина, нема излез.

Добивка мала, па загуба голема. Повторно добивка минимална, загуба уште поголема. И утре, и задутре, и секогаш – исто е. Вртлог од лаги го мати умот. Парите стануваат безначајни. Сиот труд, сета гордост, авторитетот – сè, буквално сè, заминува во една машина програмирана да те уништи. Да ти го сотре животот. И твојот, и на сите околу тебе. Она што, всушност, те влече повторно да влезеш, е исчекувањето. Како и во животот вистински. Исчекување на нова љубов, на поголема плата, на поголема позиција, на дете… Исчекување со мислата: „Еве, само што не се случило!“ И тоа е возот за кој сте купиле карта во еден правец – не за некоја прекрасна дестинација, туку до Мордор – главното упориште на злото.

Казиното е одличен извор за развивање ментална болест.

Овде труе на пропаст

Во казината мириса на скап парфем. Но, секогаш треба да има натпис со огромни букви на влезот: ОВДЕ ТРУЕ НА ПРОПАСТ. Можеби рекламата би требало да биде вака: „Повелете во пеколот. Секој оној кој сака жив да гори, нека седне на која било од нашите машини. Чувството на почетокот е незаменливо, убаво. Но потоа, дел по дел од вашето тело ќе отпаѓа како да имате лепра. Повелете, можете смртта тука да ја дочекате. На нашето прекрасно, шарено место.“ Звучи морбидно, но реално е така.

Казиното е одличен извор за развивање ментална болест. Затоа, која е пораката што некој во државава сака да ни ја пренесе, создавајќи зло на секој чекор што се шири како чума? Зошто толку многу коцкарници една до друга? Притоа рекламирани од навидум познати фаци. Ние немаме пари за казино. Ова не е филм со Де Ниро, не е Лас Вегас. Дали стратегијата е да се развие казино-туризам? Ако е така, тоа е контроверзна идеја. Но и да е така, тогаш нека им забранат влез на домаќините. Нека биде влезот исклучиво за странските туристи. Па и онака има игри со Александар Велики.

Знаеме дека човечката желба за забава е дел од крвотокот. И тоа е во ред. Но леснотијата кон запаѓање во зависност е многу помоќна. Во недостиг на културни содржини и квалитетен ноќен живот, ние избравме коцкарници. Нека ни е алал. Што е следно? Ексклузивна болница за лечење на зависници од коцка? Или уште казина? Кој ќе ја преземе одговорноста за кроењето на животот на идните генерации?

Се сетив и на нашите политичари, на нивното долгогодишно лицемерие. Од една страна ветуваат просперитет за нашите деца, ги одвраќаат од заминување од земјава, а од друга страна стануваат едногласни покровители на самите тие куќи за самоуништување. Се прашувам, колку ли деца ќе успеат да одолеат на тие бои, на тие звуци, на таа ѓаволска замка која е така перфидно поставена? Дали потоа некој ќе се одважи и ќе им помогне на тие семејства? Во ваква ли средина да ги раснеме децата? Многу прашања, никакви одговори. Излишно е потоа да излегуваат форензичари на места каде што се случуваат несреќи до кои дошло баш заради овие причини; излишни ќе бидат и истраги и судења и жалење, доколку денес се замижува пред раѓањето на овие проблеми.

Да, бев во казино…

И излегов со сознание кое не се мери со никакви пари. Дека најскапата игра е онаа во која човек се губи себеси. И да, не оставив пари. Туку го оставив и оној мал дел што остана од мојата верба дека како општество, како држава, знаеме каде одиме.

Текстот е личен став на Авторката. Ексклузивно за Фронтлајн
Tags: казинослот машиниТина Иванова
Next Post
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

May 26, 2026
Папата Лав XIV (Official State Department photo by Freddie Everett)

Папата Лав XIV, енциклика со фокус на вештачката интелигенција: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Свлечиште во Центар во Скопје затрупа багер на градилиште

May 25, 2026

(ВИДЕО) Емотивна музичка посвета за Прилеп: Промовирана „Серенада за Прилеп“ од Блага, Дац и Александар

May 25, 2026
Нилс Окланд. Фото: ОФФест

Скандинавска мистика на ОФФест: Норвешките виртуози Нилс Окланд и Сигбјорн Апеланд доаѓаат во Скопје

May 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk