ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026 11:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Share on FacebookShare on Twitter

Четврт век по Охридскиот рамковен договор, повторно се отвори едно од најконтроверзните прашања од 2001 година: дали во екот на вооружениот конфликт постоел план за поделба на Македонија. Али Ахмети тврди дека лично имал проект одобрен од „највисоките власти“, Владо Бучковски говори за тенденција за освојување територија и поделба, а Мендух Тачи категорично негира дека постоел документ.

Три различни сведоштва за една од најчувствителните теми од 2001 година се судрија во јавноста по одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на панел-дискусијата организирана на 13 август во Скопје изјави дека во текот на кризата лично имал проект за поделба на Македонија, кој, според него, бил одобрен од „највисоките власти“, но дека тој го одбил.

„Кога станува збор за прашањето на поделба, да, јас го имав проектот за поделба, господине Бучковски, и го имав одобрено од највисоките власти, но не го прифатив“, рече Ахмети.

Тој објасни дека таквата поделба би оставила голем број Албанци надвор од границите на Албанија, посочувајќи ги Скопје, Куманово, Струга, Кичево, Прилеп и Велес.

На истата панел-дискусија, поранешниот премиер и министер за одбрана во 2001 година, Владо Бучковски, изнесе поинакво сведоштво за почетната фаза на конфликтот.

Според него, конфликтот на почетокот не бил отворен само поради прашањето за правата на Албанците.

„Тлееше, веројатно – затоа сме разговарале и со господинот Ахмети – тенденцијата дека треба да се освои територија и да се направи обид да се подели Македонија“, рече Бучковски.

Два дена подоцна реагираше лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој категорично го оспори тврдењето дека постоел документ за поделба.

„За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на Академијата на науките, а ниту Арбен Џафери имал документ, затоа што таков не постои“, изјави Тачи.

Тој отиде чекор понатаму и го обвини Ахмети дека „зборува неврзано“, најавувајќи и можност за тужба во име на поранешниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, доколку ваквите тврдења продолжат.

Но, историскиот контекст покажува дека идеите за територијална поделба и размена не се производ на денешната политичка полемика.

Во екот на конфликтот во 2001 година, тогашниот претседател на МАНУ, академик Георги Ефремов, излезе со предлог за размена на територии со Албанија и преселување население, што предизвика остро противење во политичката и граѓанската јавност.

Подоцна, Арбен Џафери изјави дека со тогашниот премиер Љубчо Георгиевски повеќепати разговарале за можноста за мирна поделба. Георгиевски го оспори неговото тврдење дека таквите разговори започнале уште во 1998 година, но во подоцнежни јавни настапи и самиот говореше за разговори околу размена на територии и население.

Оттука, останува суштинската разлика меѓу она што е историски документирано и она што допрва треба да се докаже. Познато е дека идеи за територијално прекројување на Македонија постоеле и дека за нив се разговарало на високо политичко ниво. Но, засега нема јавно презентиран доказ за единствен, формално усвоен државен план со статус каков што денес му го припишува Ахмети.

Што тогаш точно бил „проектот“ што го имал Ахмети, кој го изработил и кои биле „највисоките власти“ што го одобриле?

Четврт век по 2001, токму тоа прашање повторно останува отворено.

 


Поширокиот историски контекст, сведоштвата и различните верзии за плановите за поделба прочитајте ги во анализата на ЦИВИЛ МЕДИА.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk